114
31 shares, 114 points

Келн е третиот европски град каде што Ford тестира Transit со плагин-хибриден погон. Во соработка со градот, техничарите ги истражуваат ефектите од комбињата што можат да возат само на струја врз квалитетот на воздухот

Од следната пролет, Ford и градот Келн ќе распределат 10 примероци од Ford Transit Custom со плагин-хибриден погон во регионалните компании кои се присутни во градот. Целта е да се добие точна претстава за мерката со којашто плагин-хибридниот погон може да придонесе за зачувување на квалитетот на воздухот во градовите.

Тестирањето ќе трае 12 месеци. Келн е трет европски град, во кого што Ford ја спроведува тест-преограмата, по Валенсија и Лондон. Ford го објави почетокот на тестирањето во градот кадешто се наоѓа неговото европско седиште во рамките на симпозиумот „Град на иднината“. На симпозиумот учестуваа јавни личности од приватниот и јавниот сектор, вклучувајќи урбани планери и експерти за мобилност.

За брзиот растеж на Келн, мобилноста со нулта емисија е суштински фактор за иднината,“ изјави Хенриете Рекер, градоначалничка на Келн.

По два примерока од Ford Transit Custom PHEV ќе добијат следните пет компании: AWB Abfallwirtschaftsbetriebe Köln (управување со отпад), Cologne Bonn Airport, Häfen und Güterverkehr Köln (аеродром на Келн и Бон, пристаниште и промет на стоки), Kölner Verkehrsbetriebe (градско сообраќајно претпријатие) и RheinEnergie (регионална компанија за енергетика).

♦ Прочитајте го нашиот тест на новиот Ford Focus: Добриот стар Ford Focus, ама нов

Ford Transit Custom PHEV поседува напреден плагин-хибриден систем, кој со полна батерија може да извози до 50 километри на струја. Тоа е доволно за дневната километража што ја минуваат повеќето доставни возила во градска средина. Кога батеријата ќе се испразни, еднолитарскиот бензински мотор EcoBoost почнува да работи како генератор и ја полни литиум-јон батеријата.

ford transit custom phev valenciaНа тој начин, може да се вози над 500 километри без полнење гориво или „струја“. Батеријата поседува капацитет од 14 киловатчасови и поставена е во подот на товарниот простор, без притоа да одзема од големината на товарниот простор. Во предниот браник се наоѓа приклучок за сопствениот полнач за струја, кој може да ја наполни батеријата за три часови, при струја од 32 ампери.

Сите возила ќе ја користат постоечката мрежа од станици за полнење струја. Комбињата се опремени со телематика и системи за геолоцирање, за да се осигура дека возат на струја во специјалните заштитени зони со ниска емисија на штетни материи.

Сериската изведба на Ford Transit Custom PHEV стартува со продажба во втората половина од 2019

Ford е посебно горд на тоа што е најпродавана марка во сегментот на комерцијални возила. На салонот ИАА во Хановер, Ford ја прикажа сериската изведба на Ford Transit Custom PHEV, чијшто продажен старт се очекува во втората половина од следната година. До 2022 година, компанијата ќе претстави дури 40 електрични модели, од кои 16 се исклучиво на „батерии“.

Ford Transit ќе вози со хибриден погон

Хибриден Ford Transit вози по лондонските улици

Како Ford Transit стана најпродавано доставно возило во светот

Ford Mustang Bullitt ѕвезда на најпознатата мото-патека во светот

Добриот стар Ford Focus, ама нов


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

114
31 shares, 114 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743