за

Ford против птичјиот измет врз автомобилскиот лак

Ford против птичјиот измет врз автомобилскиот лак
Ford против птичјиот измет врз автомобилскиот лак

Кој има навика да го паркира автомобилот под дрво или улично осветлување, сигурно веќе имал непријатна случка со птичјиот измет. Покрај тоа што неговото отстранување е тешко, тој во одредени случаи може да предизвика и оштетување на автомобилскиот лак.

За среќа, возилата се тестираат и за ова сценарио. Ford детално објаснува како точно се одвива тоа – со вештачки птичји измет, од лабораторија. Киселините на синтетскиот материјал имаат состав според изметот на повеќето видови птици во Европа. Вештачката супстанца се тестира на посебно изработени плочи на температура од 40, 50 и 60 степени. Целта е да се тестира издржливоста на лакот. Се вршат и дополнителни тестови, на пример, на тест-плочите се нанесуваат фосфорна киселина, сапунски раствор или синтетски полен. Потоа следи половина час „печење“ на 80 степени Целсиузови.

Лакот е изложен на големо топлинско оптоварување напролет и налето. Површините омекнуваат и се шират. При ладење, тие повторно се собираат, а тоа води до дополнително „запечување“ на нечистотијата од птиците и секаква друга нечистотија.

Доколку таа остане на возилото, во одредени случаи ќе биде потребно да се посети автолакер, за целосно да се отстрани нечистотијата. Специјалистите на Ford сепак работат и на тоа сценарио. Со посебна формулација на пигменти, грундови и адитиви, специјалистите постигнуваат лакот да сјае најмногу што може, а притоа да нуди и максимална заштита од нечистотии и временски влијанија.

Видеото на јутјуб на хумористичен начин го прикажува решавањето на оваа сериозна проблематика

Андре Тириг, еден од главните експерти за лак во Ford, објаснува: „Бидејќи повеќето автомобили се паркирани, затоа што луѓето седат дома, постои голема веројатност дека птиците ќе остават траги повеќе од вообичаено. Затоа се препорачува овие нечистотии да се отстранат најбрзо што може. Од друга страна, клиентите на Ford можат да бидат сигурно дека во развојот на лакот на нивното возило е вложено многу напор и искуство.“

Тстирањата во Ford опфаќаат и зрачење со ултравиолетова светлина во времетраење до 6.000 часови, односно 250 денови. Тоа се врши во лабораторија, којашто соодветствува на најсветлото место на планетата. Покрај тоа, лаковите се изложуваат на мраз, сол и нечистотија, а се прелева и со гориво, заради проверка како реагира лакот ако се преполни резервоарот.

За отстранување не е потребно многу вештина. Доволен е мек сунѓер, млака вода и неутрален шампон. Потоа е корисно ако површината се помине со тврд восок, за лакот да биде отпорен на натамошно валкање и да сјае подолго.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Dacia продаде 700000 возила во Германија

Dacia продаде 700.000 возила во Германија

DFSK Glory 580

Тест: DFSK Glory 580 · Колата што сите ја гледаме, но ја мислевме за друга