161
21 shares, 161 points

Лосионите против бактерии, кремите за сончање и инсектицидите можат да предизвикаат стареење на површините што се допираат во возилото. Техничарите на Ford го имаат тоа во предвид и користат посебни материјали и заштитни слоеви.

Течностите против бактерии и лосионите со висока заштита од сонце не се најдобри кога доаѓаат во допир со површините во автомобилот. Овие средства содржат хемикалии што стапуваат во реакција со материјалите во кабината и предизвикуваат нивно стареење. Исклучок се површините што имаат посебна заштита.

Лани во Европа се потрошени 371,92 милиони долари на средства за дезинфекција на раце во форма на гел, пена или марамици, кои обично содржат етанол. Во следните пет години, се очекува пазарот да се зголеми за дури 60 проценти. Покрај тоа, лосионите со висок степен на заштита од сонце содржат титаниум оксид, кој реагира со пластиката и со природните масла во кожата.

Ford забележал дека кај возилата во Турција се појавува невообичаено изразено трошење на дел од материјалите во кабината. По спроведеното истражување, во стилот на ЦСИ, било утврдено дека причината е во масовно користеното средство за дезинфекција на дланките, со исклучително висок удел на етанол од дури 80 проценти. Материјалите во новите генерации модели на Ford поседуваат посебен заштитен слој, што го спречува штетното влијание на средствата за дезинфекција и другите средства за заштита.

Во лабораториите на Ford во Келн се тестираат овие средства, на температури и до 74 степени Целзиусови, кои се достигнуваат ако возилото се остави долго време на силно сонце, на пример покрај плажа. На други тестови се проверува издржливоста под влијание на најсилните ултравиолетови зраци што доспеваат на Земјата, во времетраење до 1.152 часа или 48 денови.

Врз основа на тестирањата се развиваат посебни заштитни слоеви за површините во кабината. Тоа овозможува, материјалите во возилата на Ford да го задржат свежиот изглед подолго време, што би водело до повисока цена или полесна продажба како користено возило.

Mazda 3 на споредбен тест со Ford Focus и Peugeot 308 во Ауто Билд

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор

Ford Focus ST за експресен транспорт на луѓе и багаж

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

161
21 shares, 161 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *