147
19 shares, 147 points

Ford работи на систем кој на возачите им покажува колку слободни места има на најблиските паркиралишта и ги води соодветно со помош на навигацијата. Тоа е само еден дел од услугите што ги планира Ford во своите нови модели.

Според издржани истражувања, возачите во Лондон или Франкфурт годишно минуваат во просек близу 70 часови во барање слободен паркинг. Се проценува дека овие возила о потрага по паркинг сочинуваат околу 30% од градскиот сообраќај. Истражувањата во Велика Британија покажуваат дека паркиралиштата во тој момент се пополнети само 50 проценти.

Системите за навигација досега беа бескорисни при барањето паркинг, затоа што не го покажуваат капацитетот и бројот на слободни места

Ford работи на заеднички проект со Vodafone, за развој на нова технологија на вмрежени возила, којашто го олеснува барањето паркинг. Системот му покажува на возачот колку има слободни места на парлиралиштата во непосредна близина и со помош на системот за навигација води до избраното место.

Целта е да се забрза наоѓањето паркинг, а растоварувањето на сообраќајот води и кон пониска загаденост на воздухот. Додека тест-возилата во проектот вреден 15 милиони евра се движат низ градот, тие добиваат информации за сообраќајот и за паркинзите од централен компјутерски систем.

Во рамките на проектот во германскиот град Диселдорф се тестира и систем што му покажува на возачот уште колку време ќе трае зеленото или црвеното светло на семефор, за тој соодветно да ја приспособи брзината. Тоа ја подобрува безбедноста, се троши помалку гориво и сообраќајот се одвива течно.

Возачите пред влегување во тунел ќе знаат за брзинското ограничување или евентуално за бавните возила што се во тунелот. Варио-дисплеј ќе информира за концерти или спортски натпревари што се одржуваат во близина, за возачот навреме да заобиколи.

Место камера да ги чита сообраќајните знаци, информациите во иднина ќе се пренесуваат по дигитален пат директно во инструмент таблата. Во услови на слаба видливост, камерите се несигурни.

Возилата ќе разменуваат податоци и за временските услови. Кога во некое возило, напред на патот, ќе се вклучат автоматските бришачи, тоа се пренесува како информација до сите возила околу, за возачите да ја приспособат брзината и да бидат повнимателни.

Овие системи во иднина ќе бидат од суштинско значење за возилата кои ќе се движат автономно, без помош од возач.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

147
19 shares, 147 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *