132
18 shares, 132 points

Големите ванови на Ford наскоро ќе почнат да возат во изведба со хибриден погон. Тоа е само добар почеток, затоа што фабриката во Валенсија доби инвестиција вредна десетици милиони евра, за две нови монтажни линии за батериите на идните модели на Ford.

Ford инвестира нови 42 милиони евра во фабриката во Валенсија, Шпанија. Повеќе од половина од сумата, односно 24 милиони евра, наменета е за двете нови монтажни линии за литиум-јон батерии, што во иднина ќе се вградуваат во хибридната и плагин-хибридната изведба на Kuga, како и во хибридната изведба на вановите S-Max и Galaxy.

Новите линии се планира да бидат пуштени во работа во септември годинава. Ford најавува дека до крајот на 2020 ќе има вкупно 14 модели со електричен или хибриден погон. S-Max Hybrid и Galaxy Hybrid ќе се појават во салоните во почетокот на 2021 година.

Двата ванови на Ford ќе бидат единствени во средната класа што нудат хибриден погон. Toyota Prius+ спаѓа во компакт класата, додека BMW Active Tourer од серијата 2 е плагин-хибрид и исто така спаѓа во класата под Galaxy и S-Max.

Погонската спрега ја сочинуваат 2,5-литарски бензинец со еткинсонов принцип на работа и електромотор со моќност од 27 kW, односно 37 КС. Максималната системска моќност изнесува 200 КС. Од појавувањето на двата модели во 2015 година, досега во Европа се продадени 125.000 примероци од S-Max и 69.000 примероци од Galaxy.

Ford има вложено околу три милијарди евра во шпанската фабрика од 2011 година наваму

Последната инвестиција во фабриката во Валенсија изнесуваше 750 милиони евра, заради подготовка за производството на третата генерација на Kuga. Компактниот СУВ пристига на пазарот во март. Актуелните хибридни изведби од Mondeo и Mondeo Turnier исто така се произведуваат во Валенсија, заедно со верзиите со обичен погон.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *