158
21 shares, 158 points

Лансирањето на неколку мошне привлечни модели едно по друго, во кои сцената го препозна добриот стар Ford, излезе дека е само вовед за тоа што ќе следи по 1-ви јули, во организацијата на марката со синото лого.

Од управата во Келн го најавуваат најтемелниот „редизајн“ во историјата на Ford на европска почва. Од тоа што може да се разбере во изјавите на Стјуарт Раули, шефот на Ford Europe, марката во иднина повеќе ќе се сосредострочи на локалниот пазар и на навиките и барањата на тукашните купувачи. Тоа во основа може да се разбере како отстапување од досегашната стратегија на „еден Ford за целиот свет“.

Повеќе електрични возила, СУВ-модели, спортски изведби и повеќе модели од САД, а дополнително на тоа и поголемо вложување во доставни возила, кадешто извесно време е неприкосновено лидерството на Ford

Од 1-ви јули, Ford ќе се организира во три групи: Патнички возила, доставни возила и увозни возила. Секоја група ќе има посебен менаџмент, маркетинг, производство и развој на нови модели. Целта е на тој начин побрзо и подобро да се реагира на пазарот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со доставните возила ќе управува Ханс Шеп, од седиштето во Дантон/В. Британија. Ford во следните пет години ќе оди на двојно зголемување на профитабилноста во делот на доставните возила. За тоа ќе послужи и партнерството со Volkswagen, како и двете заеднички инвестиции, Ford Otosan во Турција и Ford Sollers во Русија.

Над Kuga пристига уште еден СУВ-модел на база на Focus, кој ќе става поголем нагласок на теренската проодност и соодветно ќе биде поскап
New photo by Automedia MK / Google Photos

Шеф на огранокот за патнички возила е Роланд де Вард, а седиштето на групата ќе биде во Келн/Германија. Оттаму ќе се раководи со дизајнирањето и развојот на возила за европскиот пазар, вклучувајќи ги електричните возила.

Групата модели од увоз од САД ќе ја сочинуваат култните модели Mustang, Explorer и спортскиот кросовер во стил на Mustang, што ќе вози на струја и ќе стартува со продажба кон крајот на 2020 година. Планот е увозот во Европа да се зголеми трипати до 2024 година.

Понудата на Ford ќе се збогати со најмалку три сосем нови моделски серии во следните пет години

Три сосем нови моделски имиња ќе се појават во понудата на Ford до средината на следната декада, независно од новите Kuga, Puma и хибридниот Explorer чијшто старт е најавен во почетокот на 2020 година. Во трите нови модели ќе се нуди изведба со електрифицирана погонска спрега. Тие ќе се произведуваат во Европа.

Во рамките на реорганизацијата се планира и затворање или продажба на неколку погони, главно капацитети за производство на менувачи и мотори. Од вкупно 24 фабрики моментно, бројот на производствени капацитети на Ford до крајот на 2020 година ќе се сведе на 18 фабрики.

Враќање на робусниот Bronco исто така е во план
New photo by Automedia MK / Google Photos
Најмногу врева сепак ќе има околу кросоверот со погон на струја во стил на Mustang
New photo by Automedia MK / Google Photos
Преглед на производствениот синџир на Ford во Европа
New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *