158
21 shares, 158 points

Јулската продажба на Ford на германскиот пазар го надмина рекордот стар 22 години. Добри се и бројките за вкупната продажба од почетокот на годината.

Продолжува одличната продажба на Ford на „вториот“ домашен пазар, германскиот. Во минатиот месец, Ford продал рекорден број возила по 1997 година, не сметајќи ги продажбите кои беа постигнати во 2009 година, во годината кога се исплаќаа субвенции за замена на старите возила со нови.

Во јули на најголемиот пазар на автомобили во Европа се продале 26.404 возила. Во споредба со истиот месец лани, тоа е зголемување од дури 26,8 проценти. Тоа се случува во услови кога германскиот пазар пораснал за 4,7 проценти во јули. Пазарниот удел на Ford во Германија во јули изнесувал 7,9 проценти, што пак е зголемување од 1,4 процент во споредба со 2018 година.

До јули, Ford продал вкупно 169.758 патнички возила на германскиот пазар, што е за 13.248 возила повеќе од исиот период лани и претставува раст од 8,5 проценти. Тоа е најдобра продажба за периодот јануари-јули од 2001 година наваму.

Меѓу моделите, најголем раст во продажбата имаат Ford Mustang (+86,6 проценти до јули), Ford EcoSport (+44,9 %) и Ford Tourneo Connect (+65,3 %).

Продажба на Ford на најголемите 20 пазари во Европа

(за првото полугодие 2019)

KA+

25.900

Fiesta

125.700

EcoSport

65.300

Focus

128.000

C-MAX

20.800

Kuga

70.000

Mondeo

20.800

S-MAX

12.100

Galaxy

7.900

Mustang

5.500

Edge

4.600

Tourneo Courier

10.700

Tourneo Connect

6.600

Tourneo Custom

11.200

Transit Courier

10.700

Transit Connect

24.900

Transit Custom

73.400

Transit

52.500

Ranger

26.700

Други

3.300

Вкупна продажба

706.900


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
21 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *