163
29 shares, 163 points

Обично велосипедите се тие што се „тргаат“ пред автомобилите, но тука е поинаку. Ford Ranger на Тур де Франс вози во служба на најдобрите светски велосипедисти

Ford Ranger ќе биде честа глетка од годинешниов Тур де Франс. Пикапот вози како помошно возило за британскиот Sky Team, а Ford секако дека не пропушти масивното возило да го направи уште повпечатливо, со карактеристичните шари на белата каросерија. Ranger ги превезува и медицинскиот персонал и механичарите, покрај тоа што е полн со резервни делови, храна, алати и шишиња со течност.

Високото седење ќе му биде од корист на помошниот тим за подобро да ги воочи дупките на патот и да ги предупреди велосипедистите на Sky Team. Со појавувањето на најпознатата велосипедска трка во светот, Ford Ranger ќе ја шири пораката на „Share The Road“. Тоа е името на кампањата на Ford, којашто порачува да се постигне поголема хармонија меѓу возачите на автомобили и возачите не велосипед.

Ford е ексклузивен снабдувач на Sky Team со возила и транспортери

Партнерството меѓу Ford и Sky Team датира од 2016 година. Во пrатечкиот возен парк на велосипедскиот тим спаѓаат Ford Mondeo ST-Line и Ford S-Max, обата со погон на сите тркала, како и неколку примероци од Edge, Tourneo Custom и Transit.

Ford во рамките на кампањата „Share the Road“ неодамна претстави интересна демонстрација во виртуелна реалност, којашто мошне реално ги прикажува последиците кога возачите на автомобили не внимаваат на велосипедистите на патот.

Кампањата може да се погледне на https://www.ford.co.uk/experience-ford/about-ford/share-the-road


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
29 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743