за

Ford Raptor го помни патот по терен за да врати на почеток

Ford Ranger Raptor nav
Ford Ranger Raptor nav

Теренските возачи-почетници знаат дека патот до одредиштето и назад никогаш не изгледа исто. Голема е шансата да се утне патот назад и многумина се откажуваат од повторно впуштање во таква авантура. Решението е навигација, но со посебен софтвер, на пример како во Ford Raptor.

Фрлањето камчиња по пат е многу корисен трик за да се обележи патот за враќање. Уште браќата Грим пишуваа за тоа во Ивица и Марица, но овие познати ликови од детските бајки си направија проблем, затоа што место камчиња користеа трошки. Трикот со обележувањето на патот на овој начин не е најсоодветен кога се прават теренски излети далеку во непознато. Во секој случај, идејата е добра.

Навигацијата обично не е од голема корист, кога се вози каде што никој друг не возел претходно. Меѓутоа, ако се примени трикот со камчињата, навигацијата сепак може да биде корисна. Ford Ranger виртуелно „фрла“ камче на секоја секунда, за возачот да може да се врати на појдовното место, следејќи ги камчињата на враќање.

Вака функционира виртуелното фрлање камчиња во Ford Ranger Raptor

Ford Ranger е најпродаван пикап во Европа, со повеќе од 26.700 примероци во првото полугодие од 2019. Ford Ranger Raptor е екстремната изведба на пикапот, нормално подготвен од Ford Performance, чијашто улога во основа е слична на AMG кај Mercedes или Sport GmbH кај Audi. Дволитарскиот дизел користи битурбо натполнење, a подвозјето е комплетно преработено, меѓу другото со амортизери од теренскиот специјалист Fox.

Македонскиот увозник Мида Гранд Моторс се пресели на нова локација на улица Босна и Херцеговина бр.1, свеченото отворање се очекува во текот на летово.

Ford на ново место и веќе под полна пареа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche typ 64 muzej

Дебакл на наддавањето на историското Porsche: 17 или 70 милиони?

Mercedes A 250 e

„Е“ е новото „Д“: Хибриди во гамата на Mercedes A-Class