за

Ford Ranger Raptor е чиста спротивност на компјутерска игра

ford ranger raptor

Последната „тјунирана“ изведба на Ford Performance доаѓа во форма на пикап. Европската премиера на Ford Ranger Raptor се случува на саемот за компјутери Гејмском во Келн, затоа што тој е дел и од компјутерската игра Forza Horizon 4. Но, овој брз и робусен пикап е мошне реален

Кај Ford сé е „нај“ на саемот за компјутерски игри Гејмском во Келн. Претставена е најмоќната моделска изведба на најпродаваниот пикап на европскиот пазар, Ford Ranger Raptor. Не е случајност тоа што европското деби на моделот се случува токму на овој саем за компјутерски игри, во градот којшто е воедно и европски дом на Ford. Пикапот е дел од видеоиграта „Forza Horizon 4“. Стартот на продажбата на Ford Ranger Raptor се очекува по средината на следната година.

За погон служи битурбо-верзија на 2,0-литарскиот дизел Ecoblue, со 213 КС и вртежен момент од точно 500 њутнметри. Моторот работи во комбинација со десетстепен автоматик. Зајакнатото подвозје и амортизацијата се изведени специјално за брзи излети по теренот. За истата цел е оптимирана и кинематиката на оските. Сето тоа е убаво заокружено со гуми за сите терени од BF Goordich, на бандажи од 17 инчи. Гумите се специјалнo изведени за Ford Ranger Raptor.

Ford Ranger Raptor е „тјунирана“ изведба за нормалните услови на работа на еден пикап

Останатите обележја на „спортската“ варијанта се посебно изведената заштита на подвозјето, маската во стил на F 150 Raptor и проширувањата на крилата од композитни материјали. На тоа се надоврзуваат и специјално изведена заштита на праговите, којашто спречува излетување на камчињата од подлогата, како и жлебовите за одведување вода и кал.

ford ranger raptror 1

Кабината мами со седишта обложени со материјал што не лизга, со ефект на дива кожа. На повеќе места е ставен нагласок со сини штепови и кожа. Менувачките рачки зад воланот се изработени од магнезиумска легура и овозможуваат брзо менување на степените на пренос. Згоден детал на кожениот волан, во тркачки стил, е средишниот маркер – во случајов, маркерот служи за подобра ориентација на средишната положба на воланот при возење по терен.

Возачот на Ford Ranger Raptor може да избира меѓу шесте програми за возење, од нормална, преку програма за кал и песок, до „Bajaj“ за брзински авантури по теренот. Инфо-забавниот систем Sync 3 одамна не смее да недостига во новите модели на Ford.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Opel GT X Experimental

Opel GT X ја најавува идната Mokka

градови против укинување стандарди за возила со почист издув

Градовите во САД сами се изборуваат за возила со почист издув