за

Ford Ranger ја замени Toyota Hilux како најпродаван пикап во Европа

Пикапот на Ford се покажа како вистински погодок на 20-те најголеми пазари во Европа, каде што Ranger до ноември се продаде во над 25.000 примероци. Штотуку почнува големата битка во овој сегмент.

Ford Ranger е најпродаван пикап на 20-те најголеми пазари во Европа во периодот од јануари до ноември годинава, со раст во продажбата од 32 проценти и вкупно 25.500 примероци. Тоа е вистинско изненадување во пазарниот сегмент кадешто досега доминираа пикапите од јапонските марки, првенствено Toyota Hilux, Nissan Navara и Mitsubishi L200.

ford ranger wildtrak (1)Неизвесно е дали американскиот модел ќе ја задржи предноста и во претстојниот период, кога претстои пазарно воведување на новите генерации на тројката јапонски пикапи, но и на новата генерација на Ford Ranger. Актуелниот модел стартуваше со продажба во Европа на крајот на 2011 година и го удвои пазарниот удел од 11,7 проценти во 2012 година на 23,5 проценти во првите десет месеци од годинава.

Во периодов следува и лансирање на новата генерација на Ranger, со нов дизајн, напредна технологија и подобрена ефикасност на моторите. Во верзијата со двојна кабина, новиот Ranger е единствениот пикап што има добиено пет ѕвездички на краш-тестот на Euro NCAP според нормите од 2012 година.

Нарачките за новиот модел ги надминуваат очекувањата на производителот, а особено за топ-моделот Wildtrak, со впечатливи каросериски детали и облагороден изглед во ентериерот. Ford нуди и низа безбедносни системи во новиот Ranger, вклучувајќи систем за следење лента, радарски темпомат со предупредување при опасност од судир, препознавање сообраќајни знаци, камера за рикверц и контрола на стабилност со систем против занесување на приколката.

Со воведувањето на систем старт-стоп, можност за избор на подолг краен преносен однос и електрично сервоуправување, потрошувачката на гориво во новата генерација на Ford Ranger е намалена за 17 проценти во споредба со претходникот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Германија ќе ги забранува дизел автомобилите во градовите

Калифорнија воведе правила на однесување за автономните возила