148
27 shares, 148 points

Ford ја враќа Puma во моделската понуда, но не како купе, туку како СУВ. Позициониран меѓу EcoSport и Kuga, идниот модел ќе вози и во верзија со благ хибриден погон. Ford најави дека секоја нова моделска серија ќе ја нуди и во изведба со електрифицирана погонска спрега.

По премиерата на новата Kuga, уште еден СУВ-модел пристига во понудата на Ford. Фотографијата од идниот модел вообичаено не открива многу околу изгледот, но затоа има конкретна најава за името. Новата моделска серија ќе го носи името Puma, исто како малечкото купе на база на Fiesta што се произведуваше кон крајот на 1990-те.

Засега може само да се претпостави дека новата Ford Puma ќе ја користи платформата на Fiesta. Како посебен стилски детал на малечкиот СУВ се забележуваат големите светла кои навлегуваат и во крилата.

Ford Puma повеќе ќе ја следи формата на Fiesta отколку EcoSport

Во меѓувреме, прототипите од идниот модел веќе се тестираат маскирани по јавни патишта. На фотографиите од професионалните „ловци на прототипи“ не се покажува многу, но се забележува дека кларосериските контури на идната Puma се поблиску до Fiesta отколку актуелниот EcoSport.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Големи ветувања има за зафатнината на багажникот. Тој ќе биде мошне приспособлив и во некоја од конфигурациите ќе нуди дури 465 литри простор. Ford открива дека под хаубата ќе работи еднолитарски EcoBoost во изведба како благ хибрид и со модерна 48-волтна техника. Системската моќност на оваа изведба би изнесувала околу 150 КС.

Како конкуренција, идната Ford Kuga ја чекаат Volkswagen T-Cross и Skoda Kamiq, но и новите Nissan Juke и Renault Captur.

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Ford Kuga радикално сменета и заслужено нова

Ford Focus и Fiesta добиваат благ хибриден погон

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

148
27 shares, 148 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *