138
19 shares, 138 points

Кросоверот на Ford сега се нуди и во верзија со 1,5-литарски дизел со 120 КС. За бензинците од 1,0 литар се воведува опција за седумстепен менувач со двојна спојка. Уште еден новитет е нивото на опрема ST-Line Vignale, коешто спојува спортска и елегантна нота.

Ford ја прошири понудата од мотори и опрема за новата генерација на кросоверот Puma. Отсега може да се нарача и верзија со 1,5-литарски дизел, како и верзија со 7-степен менувач со двојна спојка. Покрај нивоата на опрема Titanium, Titanium X, ST-Line и ST-Line X, пристига и посебно спортската и елегантна опрема ST-Line Vignale.

Ford неодамна најави дека уште во текот на годинава ќе ја претстави екстремната спортска верзија ST. Во почетокот од продажбата, Puma беше достапна единствено со 1,0-литарски бензински мотори. Кај варијантите од 125 и 155 КС, моторот користи стартер-генератор, односно функционира како благ хибрид. Наградуваниот еднолитарец е достапен и без хибридна технологија, како класичен мотор со 125 КС.

Новиот дизел во понудата располага со зафатнина од 1,5 литар и постигнува моќност од 120 КС. Интересна опција е 7-степениот менувач со двојна спојка, што е достапен за обичната верзија на 1.0 EcoBoost со 125 КС.

Ново ниво на опрема ST-Line Vignale

Како надградба за спортската варијанта Puma ST-Line X пристига новото ниво на опрема ST-Line Vignale, коешто се одликува со неколку премиум детали. Алуминиумските елементи во маската се матирани, задниот браник целосно е лакиран, исто како и задниот спојлер. Стандардно во ова ниво следат и диодни светла, кожени седишта и кокпит обложен со вештачка кожа, паркинг сензори напред, грејачи во предните седишта, озвучување B&O со 10 звучници и 575 вати, како и систем за пристап и стартување без клуч.

Стандардно во сите изведби на Puma следи и MegaBox. Станува збор за посебна кутија под подот на багажникот, со зафатнина од 81 литар. Доколку се користи целата висина на товарниот простор, на располагање стојат убедливи 115 сантиметри. Тоа значи дека во багажникот може да се пренесуваат две торби за голф.

Ford вложи 200 милиони евра во производството на Puma во фабриката во Крајова, Романија. Од 2008 година, компанијата вложи вкупно 1,5 милијарди евра во оваа фабрика.

Ако во авто-салоните има дива мачка, тоа е Ford Puma

Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс
Ford Puma во салонот на Ми-Да Гранд Моторс

View this post on Instagram

Puma ST. Coming 2020. #FordPumaST

A post shared by Ford Europe (@fordeurope) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

138
19 shares, 138 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *