за

Ford Puma влегува во производство, можен нов бестселер на марката

Ford Puma влегува со производство, можен нов бестселер на марката
Ford Puma влегува со производство, можен нов бестселер на марката

Моделското име Puma повторно се појавува во моделската понуда на Ford, но не како купе, туку како СУВ врз основа на Fiesta. Има и хибриден погон, малечкиот СУВ ќе биде меѓу носечките модели на марката во време кога овој погон ќе прерасне во стандарден.

Во фабриката на Ford во Крајова, Романија, започна производството на новата Puma, малечок СУВ изработен врз платформата на Fiesta. Покрај тоа што моделот погодува директно во пазарниот сегмент што ќе забележи најголем раст во следните години, пристигањето на Puma е важно за пазарот и поради тоа што ќе се нуди и во моделска изведба со благ хибриден погон, со 48-волтна мрежа.

Puma е воедно и прв хибриден модел што ќе излегува од фабриката на Ford во Крајова. Претходно во погоните што се водат на улица именувана според основачот на компанијата, Хенри Форд, се произведуваше миниванот B-Max, моментно оттаму пристига Ecosport, а секако дека романската фабрика е позната и по производството на моторите 1.0 EcoBoost.

Ford Puma 2020
Ford puma 2020

За производството на Puma се ангажирани дополнителни 1.700 работници и вложени се близу 200 милиони евра. Вкупната инвестиција на американскиот гигант во фабриката во Крајова од 2008 година наваму изнесува околу 1,5 милион евра. Ford првпат пристига во земјата уште во 1935 година, кога ја поставува првата производствена лента во Источна Европа.

Новиот СУВ врз основа на Fiesta е еден од осумте модели со електрифицирана погонска спрега што Ford ги лансира на европскиот пазар годинава. Секоја нова моделска генерација на Ford ќе нуди најмалку еден вид на електрифициран погон: Благ хибрид, класичен хибрид, плагин или приклучен хибрид и чисто електричен погон. Компанијата очекува повеќе од половината од продажбата на автомобили на европскиот пазар да отпаѓа на модели со електромотор во погонот веќе до завршетокот на 2022 година.

Новата Puma го застапува следното поглавје во дизајнерската филозофија на Ford којашто е ориентирана според човекот и го подигнува квалитетот, богата е со технологија и забавата за возење ја носи во генот. Не се сомневам дека Puma ќе биде огромен успех во цела Европа.“

Стјуарт Раули, претседател на европскиот Ford

Меѓу предностите на Puma, покрај тоа што стандардно го нудат СУВ-моделите во оваа класа, спаѓа рекордната зафатнина на багажникот од 456 литри, вклучувајќи ја иновативната MegaBox. Кај системите за асистенција не недостига веќе омилениот радарски темпомат, сега со можност за самостојно запирање и поаѓање во колона, заедно со систем за следење лента. Првпат во сегментот се нудат и седишта со масажа во слабините.

Во поглед на спецификацијата, Ford ќе ги нуди популарното спортско ниво на опрема ST-Line и престижното ниво Titanium X. Нарачките веќе стартуваа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автобуси без возач на двокилометарска делница во Баварија

Автобуси без возач на двокилометарска делница во Баварија

Mitsubishi Dendo Drive House

Mitsubishi Outlander во Јапонија служи како акумулатор за цела куќа