за

Ford напредува на германскиот пазар повеќе од VW и BMW

Ford Focus продажба

Ford лани продал за 2,3 проценти повеќе возила на најголемиот пазар во Европа. Тоа е поголем раст од оној што го постигнаа Volkswagen и BMW.

Ford пријави позитивни продажни резултати од најголемиот автомобилски пазар во Европа, германскиот пазар, каде што голем број производители лани имаа мошне неизвесна година. Вториот по големина американски производител на автомобили во минатата година продал 252.323 патнички автомобили во Германија, што одговара на раст од 2,3 проценти во споредба со преклани. Тоа се случува во време кога целиот германски пазар имаше раст од само 0,2 проценти.

Ford Focus на тестот докажа како треба да вози и да се чувствува автомобил од компакт класата што е произведен непосредно пред преодот во третата деценија од новиот милениум

https://photos.app.goo.gl/ZUK8z8FTDrGr4ZFbA

Вистинска реткост се случаите кога одредена автомобилска марка постигнува поголем раст отколку просекот на целата бранша. Со овие 2,3 проценти, Ford практично растел десетпати повеќе од вкупниот автомобилски пазар во Германија. Слични резултати имаат Volkswagen и BMW, кои во минатата година на германскиот пазар продале за 1,5%, односно 1,2% повеќе возила. Smart напредувал уште повеќе, со дури 11,9%, но вкупните продажби на мини-специјалистот се далеку зад големите марки.

Ford Focus се продава повеќе од Fiesta и Kuga

Пазарниот удел на Ford на германскиот пазар изнесува 7,3 проценти, што е за 0,2% повеќе отколку преклани. Најпродавани модели се Focus со 49.234 примероци, пред Fiesta (47.241) и Kuga (42.298 примероци).

Марката под знакот на синиот овал веќе шеста година по ред расте на германскиот пазар. За 2019 година, менаџерите очекуваат уште поубедлив пробив на пазарот.

Неколку новитети што следат во моделската понуда на Ford годинава:

Ford Focus Active, во комбилимузинска и комби изведба Turnier, во стил на кросовер, со +30 mm клиренс и два дополнителни режима за подвозјето, за лизгава подлога и за земја

Ford Focus Active premiera

Shelby GT350 во освежено моделско годиште, само за САД, со неколку промени во аеродинамиката, сопирачките и подвозјето, по пример на Shelby GT500. Моторот е 5,2-литарски V8 со 533 КС и 582 њутнметри

https://photos.app.goo.gl/xSoQj4L7vptj3V8r8

Ford Transit, моделско освежување за 2019 година, првпат со дизел-хибрид

https://photos.app.goo.gl/uMQdaD1Gn12JEnKE7

Ford Focus ST · Првото иницијално полнење на спортскиот потенцијал на Focus пристига вообичаено под ознаката ST, во верзии со 1,5-литарски EcoBoost со 275 КС и со дволитарски дизел со 190 КС. Екстремниот спортист под знакот на RS доаѓа в година, со 2,3-литарски мотор и над 400 КС

https://photos.app.goo.gl/8p9TxDyg4q59XnP68

Ford Mondeo, моделско освежување за 2019 година. Американската верзија Fusion имаше фејслифт уште во 2017 година. Големиот Ford во иднина ќе вози со нова маска, сменети задни светла и хромирана лајсна на опашот. Со автоматскиот менувач ќе се ракува преку ротациски контролер, место класичен бирач

https://photos.app.goo.gl/MG6kcaixquCWaZD39

Ford Edge, темелно моделско освежување, повеќе на овој линк

Ford Edge Fl

Ford Kuga во втора генерација, со повеќе простор и поголема приспособливост на кабината, со подобрена возна динамика и намалена потрошувачка. Пристига на крајот на 2019. Хибридна верзија ќе се придружи две години по премиерата, со трицилиднарец со 150 КС и електромотор со 88 КС и 150 Nm. Најштедливата изведба ќе се нуди само со преден погон и безстепен менувач. Првпат ќе се нуди верзија Kuga RS, со 285 КС и 380 Nm, со погон на сите тркала и нов осумстепен автоматик

https://photos.app.goo.gl/RF6CURXxTKiGyu7f9

Ford Focus со одличен старт: Повеќе од 40.000 продажби за 6 месеци

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes детска количка

Сега и бебињата имаат сопствен Mercedes

GMC-Sierra-Anthem

Што вози Америка во времето на Tesla и компанија?