за

Тестови на Ford: Достава со хибридни комбиња за почист воздух

Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain
Ford Transit Plug-in Hybrid Köln Geofencing- Blockchain

Келн е трет град каде што Ford тестира како доставата со комбиња со плагин-хибриден погон може да помогне во подобрување на квалитетот на воздухот. Електромоторот во погонската спрега секако дека носи и смалени оперативни трошоци за компаниите.

Ford ги проширува своите тестирања со доставни возила со плагин-хибриден погон и во Келн, во својот европски дом. Целта е да се докажат предностите на електрифицираната погонска спрега за животната средина и за буџетот на компаниите со голем возен парк. Тестирања од ваков вид веќе подолго време се одвиваат во Лондон и во Валенсија.

Во Келн се пуштени девет доставни комбиња Ford Transit Custom и еден Tourneo Custom, сите во изведба со плагин-хибриден погон. Возилата им се отстапени на користење на пет компании, меѓу кои се електродистрибутерот RheinEnergie и компанијата што оперира со аеродромот во Келн. Тие една година ќе ги користат возилата во своето работно секојдневие. Во рамките на проектот ќе се тестирааат и технологиите на Geofencing и Blockchain. Нивната цел е токму да го регистрираат патот што е минат без штетна емисија и да помогнат возењето на струја да биде колку може подолго.

Келн воведе еколошки зони во коишто не може да се пристапува со возило со слаб квалитет на издув

По пример на голем број европски градови, метрополата на реката Рајна пред извесно време воведе заштитени еколошки зони. Во нив е забранет пристап за возила со слаб квалитет на издув, со цел да се намали загаденоста на воздухот.

Во Лондон исто така се одвива тест-програма со којашто се докажуваат придобивките од плагин-хибридниот погон во зачувувањето на квалитетот на воздухот

Во секое возило се наоѓа модел FordPass Connect и GPS-приемник за точно лоцирање. Кога возилото ќе влезе во заштитената зона, автоматски се вклучува погонот на струја. Во исто време, системот го регистрира времето во коешто пристапува возилото и повторно ја напушта зоната. На овој начин се регистрира патот извозен на струја и резултатите потоа се препраќаат во Blockchain, за на сите учесници во проектот да им се овозможи анонимен увид и анализа.

Ford Transit Custom во плагин-хибридната изведба минува до 56 km на струја, односно 53 km во верзијата Tourneo Custom. При возење на подолги релации, моторот 1.0 EcoBoost работи како генератор на струја и го снабдува електромоторот. На тој начин може да се извозат повеќе од 500 километри.

За иднината на нашиот град е важно да се посветиме на мобилност без емисија. Поради тоа, воведувањето на еколошки автомобили во нашите возни паркови ужива висок приоритет.

Хенриете Рекер, градоначалничка на Келн

Ford Transit Custom е прв транспортер во класата до 1,0 тон што е достапна како плагин-хибрид. Испораките на нарачаните модели ќе стартуваат уште годинава. В година ќе стои на располагање нов модул за Geofencing што ќе може да се вгради дополнително. Тој автоматски го префрлува возилото на електричен погон, кога истото ќе пристапи во заштитена зона со нулта емисија на штетни гасови. Тоа ќе ги поштеди возачите и компаниите од скапи казни за возење со обичен погон во заштитените зони.

Ford Transit со погон само на струја е најавен за 2021 година.

Ford Transit отсега може да вози и на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota-rav4-plugin-hybrid-los-angeles

Тоа е доведување во мат-позиција: Toyota RAV4 најавува плагин-хибрид

harley davidson LiveWire

Harley-Davidson нема среќа со електричниот мотоцикл