за

Студија на Ford: Онлајн-купувањето доведе до продажен бум кај комбињата

ford dostavni vozila studija

Купувањето во онлајн-продавници е меѓу главните причинители за огромниот раст во користењето и продажбата на доставните возила. Тоа е финансиска инјекција за европската економија, вредна стотици милијарди евра.

Доставата на пратки во ЕУ само во 2017 година достигнала вредност од 675 милијарди евра, што е повеќе од бруто домашниот производ на Аргентина, Саудиска Арабија или Швајцарија. За пет години, секторот пораснал за 19 проценти, од 569 милијарди евра во 2012 година.

Тоа е еден од заклучоците во студијата на Центарот за економски и бизнис истражувања. Студијата ја спонзорираше Ford, како водечка марка во сегментот на лесните товарни возила во Европа.

Комбињата се главна поддршка во светот во којшто постојано се менува начинот на кој живееме и работиме. Студијата докажува дека доставните возила навистина претставуваат столб на бизнисот во Европа
Ханс Шеп, прв човек на европскиот огранок за товарни возила на Ford

Расте бројот на комбиња и растојанието што тие го минуваат. Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Турција и Велика Британија бележат раст од 10% во бројот на комбиња по нивните патишта. Од 23,25 милиони возила во 2013 година, нивниот број лани достигнал 25,69 милиони. Најмногу раст имаат Турција (+31%), Германија (+24%) и Велика Британија (+20).

Сите доставни возила на седумте главни пазари во Европа заедно илјадапати го поминале растојоанието до сонцето и назад

Доставните комбиња на седумте најголеми пазари заедно извозеле 294 милијарди километри лани, што е еднакво на 1.000 „испораки“ до сонцето и назад. Тоа е за 12% повеќе од 2013 година. Најголемо растојание минале француските возачи (88 милијарди километри), додека највисок просек имаат возачите во Холандија и Шпанија, со 20.000 километри годишно.

Според студијата, повеќе од половината од популацијата на ЕУ нарачувала онлајн во 2018 година. Растот продолжува и во иднина. Друг фактор е трендот на самовработување.

Ford постигна значаен напредок во воведувањето на електромотори во погонската спрега во своите доставни возила. Во 2021 година ќе започне продажбата на Transit со погон само на батерија. Уште во текот на годинава стартува плагин-хибридната изведба на Transit Custom.

Ford Transit ќе вози со хибриден погон

Ford вложува 500 милиони $ во пикапот на батерии на Rivian

Ford Escort во размер 1:25 вреден колку суперавтомобил

Ford Mustang наврши 55 години

Ford Explorer пристига на крајот на годинава со 450 „хибридни“ КС

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

jaguar land rover pameten paricnik

Jaguar Land Rover испробува плаќање за информациите од возилото

rolls-royce cela modelska gama

Неколку куси приказни за 115-годишнината на Rolls-Royce