за

Ford со три награди од германскиот магазин Sport Auto

Ford Mustang

Три модели на Ford ги убедија читателите на специјализираното издание на auto motor und sport за спортски автомобили. Ford Mustang, Ford GT и Mustang Convertible само ги потврдија титулите од претходните години.

Читателите на специјализираниот германски магазин Sport Auto го кажаа својот збор: Ford GT, Mustang GT Fastback и Mustang Convertible се најспортски увозни модели во своите класи. Марката мина одлично и во генерален пласман, искачувајќи се четирипати на победничкиот пиедестал: Mustang GT Fastback е втор во категоријата „Сериски купеа до 50.000 евра“, додека Mustang Convertible, Ford GT и Focus RS Blue&Black ги освоија третите места во своите класи. 

Ford Mustang GT Fastback ја потврди шампионската титула од лани во категоријата на увозни купеа до 50.000 евра, освојувајќи 39,8 проценти од гласовите. Гласовите од читателите на Sport Auto четврти пат му обезбедуваат врвен пласман на легендарниот „пони-кар“.

Ford_Mustang Convertible

Кабриолет изведбата на Mustang третпат победува меѓу увозните кабриолети до 50.000 евра, со близу една четвертина од гласовите. За Ford GT гласаа 16,4 проценти во категоријата на увозни суперспортски модели. Наследникот на легендарниот GT40 веќе триумфираше лани, кога го освои првото место во генерален пласман, како најдобар суперспортски автомобил од сериско производство.

Производството на Ford GT се продолжува за уште две години, пазарот бара седумпати повеќе возила

Најбрзиот сериски модел во историјата на Ford вози со 4,5-литарски V6 со битурбо натполнење и над 600 КС. Побарувачката за ова легендарно моделско име на Ford е седумпати поголема од продукцијата. Поради тоа, менаџментот неодамна реши да го продолжи производството за уште две години, до 2022 година.

Ford_GT_Heritage_Edition

Со повеќе од 10 милиони примероци, Ford Mustang е најпродаван спортски автомобил во последниот половина век во САД – три години наназад, тој е најпродаван спортски автомобил во светот. Освеженото моделско годиште на култниот автомобил се продава на европска почва од март годинава, со посилен мотор и подвозје што посебно е дотерано според барањата на европските возачи.

Ford Focus test 1.5 ecoboost st-line
Прочитајте го нашиот тест на новиот Ford Focus во изведба 1.5 EcoBoost со 182 КС и ниво на опрема ST-Line
Серијата Bullitt се распродаде уште пред медиумите да го објават нејзиното појавување

Моделската понуда на Mustang и натаму се состои од купе и кабриолет изведба. Под хаубата работи или „традиционален“ петлитарски V8 во моделската верзија GT со 450 КС или 2,3-литарска верзија на EcoBoost со 290 КС. Новитет во понудата е Ford Mustang Bullitt, од култниот филм со Стив Меквин, со најдолгата автомобилска бркотница од филмското платно. Оваа варијанта беше понудена во ограничен број примероци. „Беше“, затоа што планираните количини за одделните пазари се распродадоа. Со опционалниот автоматски менувач со 10 степени, Mustang GT спринтува до 100 km/h за само 4,3 секунди, што е побрзо од кој било сериски модел во историјата на моделот.

Ford_Focus_RS

Читателите на Sport Auto важат како вистински познавачи на спортските автомобили. На овогодишниот избор гласаа 11.057 читатели, кои ги избираа своите фаворити меѓу 238 возила во 25 категории.

Тест-тимот на sport auto постигна време од 8:06 минути на Нирбургринг со Ford Focus RS

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Ford Mustang Bullitt ѕвезда на најпознатата мото-патека во светот

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Ford GT доби уште две години производство

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Париз забрана дизел

Париз ќе забрани сообраќај за дизели постари од 2001 година

Cadillac XT4

Cadillac XT4 пристига како конкурент на BMW X1 и Audi Q3