163
68 shares, 163 points

Shelby GT500 е најекстремната изведба на Ford Mustang, со преку 700 КС. Досега немало сериски модел под знакот на синиот овал што имал повеќе коњски сили од тоа. Премиерата е на салонот во Детроит

Ford Mustang веќе има една „отровна“ изведба, Shelby GT350. Отровна, затоа што кобра е заштитниот знак на Shelby. На салонот во Детроит пристигна верзијата на Ford Mustang со уште една доза отровно полнење, Shelby GT500. Соодветно на моќноста од 709 КС, коишто ги ослободува рачно склопениот V8 од 5,2 литри, GT500 не пропушта однадвор да покаже дека се работи за најсилната сериска изведба на база на Mustang досега, и воедно за најсилниот сериски Ford на сите времиња.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Предниот браник уште толку има добиено на агресивност, а кобрата на Shelby во дводелната маска е толку впечатлива што побудува почит кај останатите возачи. Подеднакво е впечатлив и големиот отвор за воздух во хаубата, со решетка што се отстранува, за на тој начин да се постигне совршен доток на воздух. Долу на браникот се забележуваат додатоци за оптимирање на аеродинамичноста.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бандажите стандардно поседуваат дијаметар од 20 инчи, единствено може да се доплати тие да бидат изработени од карбон. Нормално е тоа што GT500 поседува и уште помасивен спојлер назад. Освен со големината и формата, задниот дифузор се разликува по тоа што е изработен од композити.

Shelby GT500 е класичен тјунинг, но од врвните мајстори на својот занает

Место класични инструменти, возачот добива дигитален дисплеј од 12 инчи. Тркачките школки од Recaro се вградуваат како опција, и верно на името, го држат возачот на место дури и при екстремните странични забрзувања што е пособно да ги издржи подвозјето. Во арматурната табла се забележуваат делови од карбон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кобрата“ не отсуствува и во кабината, кадешто се среќава на повеќе места, вклучувајќи ги седиштата и средината на воланот. Со повеќето функции на возилото се ракува преку дисплејот од осум инчи на допир. Освен од моторот и гумите, музиката може да пристига и од врвното озвучување, коешто носи лого на Bang & Olufsen.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Развојот на Shelby GT500 е дело на инженерите на Ford Performance, коишто располагаат со безценети искуства во мотоспортот. Тоа беше и идејата, кога се формираше ова одделение, коешто е пандан на M GmbH или AMG. Моторот V8 со зафатнина од 5,2 литри и со механички компресор поседува блок и глава од алуминиумска легура и се склопува рачно.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка, Супермустангот минува четвртина милја за помалку од единаесет секунди. Ford не објавува други перформанси, и тоа е сосем нормално, затоа што во кругот на возачи и фанови на GT500, времето на 400 и кусур метри важи како единствен репер. Но, не е тешко да се претпостави дека класичниот спринт би траел осетно под четири секунди.

За моќност од преку 700 КС на Shelby GT500 се потребни и соодветни сопирачки со двојно повеќе „моќност“

Возачите кои имале искуство со вакви моќници, знаат какво е чувството кога мора да се сопира силно од темпо 250. Затоа е подеднакво важно тоа што Shelby GT500 поседува и масивни сопирачки дискови и сопирачки клешти од специјалистот Brembo. Уште пред премиерата, Ford посочи дека дел од компонентите во сопирачките на GT500 се изработуваат со технологија на 3D-печат.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Испораките во САД ќе стартуваат наесен. Екстремниот Mustang за жал нема да биде достапен во официјалната продажна мрежа на Ford во Европа, но затоа има шанси по мошне „солена цена“ да се обезбеди примерок од специјализираните компании за увоз на возила од преку океанот.

Ford Focus со одличен старт: Повеќе од 40.000 продажби за 6 месеци

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

Ford напредува на германскиот пазар повеќе од VW и BMW

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
68 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format