за

Ford Mustang Mach-E со седум електромотори и над 1.400 КС

Ford Mustang Mach-E со седум електромотори и над 1.400 КС
Ford Mustang Mach-E со седум електромотори и над 1.400 КС

Ford изработи уникатен Mustang Mach-E 1400, како улична ракета со погон на струја, со улога да ги прикаже перформансите што можат да се постигнат без да се потроши грам бензин. Екстремниот автомобил на струја следи по Mustang Cobra Jet 1400, кој претходно се докажа во уште една традиционална дисциплина во американскиот мотоспорт, како драгстер.

Со 1.419 КС и со седум електромотори, Mach-E е развиван во соработка со тимот на RTR. Уникатниот тркач користи каросерија од стандардниот Mach-E GT. Подвозјето и погонската спрега дозволуваат широк дијапазон на изведби, како што е можно само кај електричниот погон.

Mustang Mach-E 1400 е резултат од 1.000 часови заедничка работа на Ford Performance и RTR. Голем дел од компонентите и алатите во болидот се „позајмени“ од тимовите на двата партнери во мотоспортот. Аеродинамиката става нагласок на каналите за ладење, на предниот сплитер и на задниот спојлер.

Со седум електромотори, електричниот монструм има пет електромотори повеќе од Mustang Mach-E GT. Три се приклучени на предниот диференцијал, а четири се поставени назад, наредени како „палачинки“, споени со едно вратило со диференцијалите, што овозможува широк дијапазон на дотерување, со цел автомобилот да може да се приспособи и за тркачка патека и за дрифт.

Погонската моќ може да се пренесува рамномерно меѓу двете оски, или целата да се пренесе само на предната или задната оска. Целна вредност за потисокот е над 1.000 килограми при брзина од 160 милји на час (257 km/h).

Батеријата од 56,8 киловатчасови е изработена од ќелии со никел манган кобалт, кои овозможуваат ултрависоки перформанси. Ладењето се врши со диелектрично средство за ладење, со што се скусува времето за ладење меѓу две трки.

Енегијата при сопирањето се искористува за полнење на батеријата. Сопирачките се Brembo, исто како кај тркачкиот Mustang GT4. Посебност е рачната сопирачка што користи хидрауличен систем и конструирана е за дрифт.

Ford ќе ја одржи премиерата на Mustang Mach-E 1400 наскоро на трка во Наскар. Според производителот, целта е да се истражуваат нови материјали. Хаубата е изработена од органски композитни влакна, како лесна алтернатива за карбонот од кого што е изработен остатокот од каросеријата.

Ford Mustang Mach-E 1400 со седум електромотори и над 1400 КС

Таткото на оваа марка некогаш ја воведе подвижната лента во производството на автомобили. Вака моментно во Ford се доживува електричнот погон, што ќе стане од тоа?

Posted by Automedia.mk on Tuesday, July 21, 2020

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche taycan cross turismo maskiran

Porsche Taycan ќе добие кросовер-изведба

Skoda произведе три милиони автомобили во Кина

Skoda произведе три милиони автомобили во Кина