за

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Десет работи што Ford сака светот да ги знае за Mustang Mach-E

Новиот Mustang Mach-E, електричниот кросовер на Ford, долг е 4,71 метри, широк 1,88 и висок 1,60 метар. Тој ќе почне да се испорачува на само неколку европски пазари уште во текот на годинава. Може да се избира меѓу две големини на батерија, меѓу погон назад или на сите тркала, меѓу неколку степени на моќност. Позната е цената за германскиот пазар, каде што електро-кросоверот ќе стартува од 46.900 евра.

Батеријата е сместена во просторот меѓу оските, во подот на возилото. Потрошувачката на струја според новата и пореална норма WLTP се движи меѓу 18,1 и 16,5 киловатчасови на сто километри. Тоа значи, дека при доплата за поголемата батерија со 99 киловатчасови и 376 ќелии, може со полна батерија да се извози до 600 километри, пред повторното полнење.

Стандардната батерија располага со капацитет од 75 киловатчасови, но и тоа е сосем доволно, затоа што со неа се постигнува досег до 450 километри. Врвната изведба на Mustang Mach-E ја носи ознаката GT и ќе стартува в година. Таа спринтува од место до темпо сто за помалку од пет секунди.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Десетте факти, што Ford сака луѓето да ги знаат за новиот Mustang Mach-E:

Прво:

Кусо полнење. Сопствениците на Ford Mustang Mach-E, при користење на брз полнач од мрежата на Ionity, за само десет минути полнење на батеријата има на досег до 93 километри. Аналоготно на тоа, за дваесет минути се добива енергија за 186 километри, за половина час за 279 километри итн. Тоа важи за поголемата батерија и за полнач со еднонасочна струја и моќност од 150 киловати.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Второ:

На онлајн-страниците на Ford може да се конфигурира и резервира Mustang Mach-E, на пример на страницата за Велика Британија https://www.ford.co.uk/shop/price-and-locate/pre-order/build-your-own или за Германија https://www.ford.de/fahrzeuge/der-neue-ford-mustang-mach-e. Тоа секако важи за конкретните пазари, за нарачка во Македонија сигурно ќе мине уште извесно време.

Трето:

Клучевите се минато. Mustang Mach-E го препознава телефонот на сопственикот, кога тој се приближува. Потоа се отклучуваат вратите на Mustang Mach-E и погонот може да стартува. Телефонот не мора ниту да се вади од џеб. По желба, може да се добијат и обични клучеви.

Четврто:

Mustang Mach-E е прв проект на Ford Team Edison. Станува збор за „компанија во компанија“, задолжена за развој на електрични возила. Името е инспирирано од пронаоѓачот на жаречката светилка Томас Едисон, кој бил добар пријател со Хенри Форд.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Петто:

Mustang Mach-E користи онлајн-обновување на софтверот. На тој начин постојано ќе се добива нов софтвер, на пример за говорните команди во возилото или за системите за асистенција.

Шесто:

Дизајнот на внатрешноста има освоено награда. Со доплата, во Mustang Mach-E се вградува аудиофилско озвучување од B&O со десет звучници. Еден од звучниците е интегриран во арматурната табла, речиси незабележливо. За тоа беше добиена награда од iF-Design.

Седмо:

Висока технологија на стакло. Панорамскиот покрив поседува заштита од инфрацрвени зраци, за внатрешноста помалку да се загрева во лето, односно да остане потопла во зима. Посебен слој во стаклото штити и од ултравиолетово зрачење.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Осмо:

Може да се зборува со Mustang Mach-E. Благодарение на технологијата што се базира на податочен облак, системот за говорни команди разбира и реченици како „Најди ми тајландски ресторан“.

Деветто:

Mustang Mach-E се приспособува според расположение. Возилото поседува три модуси на возење, кои се избираат преку дисплејот. Зависно од изборот, се менуваат возните својства, приказот во дисплеите или амбиенталното осветлување.

Десетто:

Ford Mustang Mach-E – име што ветува многу. Ознаката „Mach“ се користи уште од 1960-те години, за изведбите на Mustang со високи перформанси, на пример Ford Mustang Mach 1. Неговиот изглед создаваше впечаток како автомобилот да ќе пробие звучен ѕид.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нафтата што не му треба на светот, „плови“ во танкери

Нафтата што не му треба на светот, „плови“ во танкери

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница

Мик Шумахер отвори онлајн-продавница