за

Ford Mustang Bullitt ѕвезда на најпознатата мото-патека во светот

ford mustang bullitt isle of man

Во новото продолжение на серијалот за најдобрите патеки за возење во Европа следи комбинација од две легенди, Ford Mustang Bullitt и тркачката мото-рута на островот Ман

Брзини како на германскиот аутобан, благи ридови, тесни свијоци и атмосфера што е својствена само за островите: Во деветтата епизода на „Најубавите патишта за возење во Европа“ станува збор за чист гран-туризмо, за GT во неговата најисконска форма. Ford Mustang вози на британскиот остров Ман, по патеката на која во 1907 година се одржала првата трка со мотоцикли во светот. Трката „Isle of Man Tourist Trophy“ секоја година ја следат 30 милиони обожуватели, на ТВ и на веб.

Десет сантиметри решаваат за останување или излетување од патот

Тркачката рута во должина од 60,7 километри се вози по јавни патишта, во услови што се предизвик и за човекот и за механиката. Вистинскиот опис на оваа единствена трка го даде легендарниот германски мотоциклист Зигфрид Шауцу, деветкратен победник на Ман: „Ако идеалната линија се утне за десет сантиметри, тоа може да значи излетување од патот“.

Островот Ман се наоѓа во Ирското Море, долг е 52 и широк 22 километри. Посебност на островот е врвот Снефел, на 621 метри надморска висина, од кадешто се гледаат сите четири територии на Обединетото Кралство: Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Автомобилските ѕвезди пристигаат од спортското одделение Ford Performance
Sean-Kiernan-Ford-Mustang-Bullitt
Оригиналниот примерок што учествуваше во најверодостојната филмска бркотница со автомобили пред половина век

Ова е веќе деветто видео во серијалот на Ford за најдобрите патишта за возење низ Европа. Почна со суперспортскиот Ford GT на патот „Атлански Океан“ во Норвешка, а последна возеше Ford Fiesta ST на Виа Кампо Катино во Италија. Сите „актери“ на видеата потекнуваат од спортското одделение Ford Performance. Но, видеото со Ford Mustang Bulitt на Ман носи посебна напнатост.

Специјалната серија Ford Mustang Bullitt е изработена по пример на Mustang Fastback GT390 од 1968 година, кого што Стив Меквин го вози во легендарниот филм Булит. Моторот е петлитарски V8 со моќност од 460 КС, што е 10 КС повеќе отколку во стандардниот Mustang GT.

Целата серија може да се погледне на видео-каналот на Ford of Europe:

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Ford Fiesta со лента што кажува „не можеш да ме престигнеш“

Ford Transit ќе вози со хибриден погон

Пред половина век почна да вози првиот Ford RS

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Luxury Briefing Awards Aston Martin

Aston Martin е луксузна марка на годината

Opel полначи за струја риселсхајм-н

Opel поставува 160 полначи за електромобили во Риселсхајм