171
29 shares, 171 points

Оригиналниот Ford Mustang од филмот Булит долго време се држеше настрана од јавноста. Не многу случајно, автомобилот се појави во јануари на салонот во Детроит, за 50-годишнината на филмскиот класик. Следна адреса е Фестивалот на брзината во Англија

Автомобилот неколку децении се криеше од сцената, а потоа предизвика општа еуфорија со неговото ненадејно враќање. Станува збор за еден од двата идентични примероци од Ford Mustang GT од 1968 година, коишто Стив Меквин ги возеше во филмскиот класик „Булит“. Летово, и европските фанови ќе можат за првпат да го видат автомобилот во живо, на традиционалниот фестивал на брзината во Гудвуд.

Десетминутната филмска бркотница од пред точно половина век, уште служи како репер за сцените од големото платно, во коишто автомобилите ја преземаат главната улога. Со таков имиџ, оригиналниот Ford Mustang ќе учествува на Фестивалот на брзината во Гудвуд. Традиционалната манифестација се одржува во Англија, на имотот на Лорд Марч во Западен Сасекс. Покрај историскиот автомобил, на ридската патека долга 1,9 километар ќе вози и примерок од специјалната серија од сегашниот Mustang – сосем јасно, таа е именувана Bullitt. Ford ја нуди оваа серија и на европскиот пазар, во чест на 50-годишнината од култниот филм.

Настанот кој не минува незабележано кај ентузијастите, годинава се одржува меѓу 12-ти и 15-ти јули

Сопственик на двата Ford Mustang од снимањето на Булит е Американецот Шон Кирнан. Тој ги добил автомобилите во наследство од неговиот татко, во 2014 година. Лани, Кирнан контактираше со Ford, по што оригиналниот автомобил беше изложен на салонот во Детроит во јануари годинава. Истиот автомобил ќе вози во Гудвуд.

Уште еден Ford Mustang кој ќе го привлекува вниманието на публиката. Тимот на Ford Performance во соработка со RTR Vehicles изработе уникатен Mustang во боите на американските авиони од втората светска војна. Зад воланот на овој болид со 700 КС ќе седне Џитин Јуниор, сопственик на RTR.

Во Гудвуд ќе се појават и тркачките ѕвезди од 24 часа Леман, Енди Прио и Хери Тинкнел во Ford GT, како и Себастијан Огие и Елфин Еванс во Ford Fiesta од рели-шампионатот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
29 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743