Нови модели

Mustang Bullitt и Edge ST само за американскиот пазар

Специјална серија од Mustang за 50-годишнината од филмот „Bullitt“ со Стив Меквин

Ford има три светски премиери на салонот во Детроит: Деби на специјалната серија Mustang Bullitt во чест на педесетгодишнината од легендарниот холивудски филм, претставување на американската верзија на Ranger и на Edge ST.

Ford третпат нуди специјален модел Bullitt, повикувајќи се на славниот блокбастер од 1968 година, со Стив Меквин. Mustang Bullitt ќе стартува со испорака налето и ќе биде достапен само за северноамериканскиот пазар. Петлитарскиот V8 според американските норми располага со 475 КС, со вртежен момент од 570 Nm и крајна брзина од 262 km/h.

Ford Mustang Bullitt

ford mustang bullitt

По пример на оригиналниот филмски автомобил, главата на менувачот потсеќа на бела билијард топка. При вклучувањето на дисплејот од 12 инчи, место вообичаеното „пони“ се појавува карактеристичниот мотив од Bullitt, на зелена заднина. На штандот во Детроит беше изложен оригиналниот филмски Mustang GT Fastback од 1968 година. Тој се држеше надвор од јавноста повеќе и сега првпат се појавува на салонот по повеќе од четири децении.

ford edge st

Edge ST исто така останува резервиран само за пазарот од другата страна на океанот. Тој е првата варијанта од обновената моделска серија на Edge, којашто уште годинава ќе стартува со продажба и во Европа во вообичаените нивоа на опрема. Големиот теренец доби нови мотори, дополнителни системи за асистенција и неколку промени во изгледот.

Варијантата ST ќе биде достапна во САД налето, со најсилниот V6 во сегментот, нов автоматски менувач со осум степени и иновативна техника што обезбедува брзо менување на степените. Моторот располага со 335 КС и вртежен момент од 515 Nm.

ford ranger

Третиот новитет за американскиот пазар е Ranger, кој е најдобро продаван пикап во Европа. Камионетот се произведува во Јужна Африка уште од 2011 година, а отсега повторно се произведува и во САД, со неколку модификации за локалниот пазар. За погонот е задолжен познатиот 2,3-литарски турбобензинец, во комбинација со десетстепен автоматски менувач. Новитет во сегментот се сензорите за мртвите агли, коишто го покриваат и страничното подрачје при влечење приколка. Систем со неколку програми за возење по терен му помага на возачот при маневрирање по тежок терен.

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729