за

Ford Mustang наврши 55 години

Ford Mustang

Ford Mustang, едно од најголемите имиња на автомобилската сцена, се произведува 55 години. Спортскиот автомобил првпат се појави во салоните на Ford во Европа дури пред четири години, но континентот отсекогаш ја одржувал врската со ова автомобилско име, уште од премиерата во 1964 година.

Филмови на големото платно, музички видеа, личности со глобална слава кои никогаш не одбиле да седнат на возачкото седиште – Ford Mustang се појавувал во сите можни сценарија и во сите можни пригоди, тој едноставно е дел од светското наследство. Малубројни се моделите што со својата слава излегле од границите на автомобилската сцена и прераснале во културна икона.

Прославата на Ford Mustang всушност и не престанала. Следи видеото од човекот со 5.500 примероци од Mustang

Фановите добро го познаваат и Мастенг мен

Неколку факти за Mustang:

      • Mustang е најпродавано спортско купе во светот лани, четврта година по ред
      • #Mustang е автомобил што најчесто се означува на инстаграм
      • Логото на Mustang галопира влево, затоа што мустангот е див коњ, наспроти припитомениот тркачки коњ, кого што јавноста секогаш го гледа како јури во десно, гледано од трибините околу тркачката патека
      • Mustang е меѓу одвај десетте моделски имиња што се произведуваат подолго од 50 години

Посебен подарок за честитање на роденденот

Како Mustang да го одбележи 55-от роденден, а да биде различно? Со торта … или можеби е подобро да се избере нешто што повеќе ќе одговара на карактерот на Mustang? Слушајте внимателно и ќе забележите како звуците од издувот се придружуваат во забавата, во изведба на класичната „Happy Birthday“, инспирирана од звукот на V8.

Mustang изработен од лего-коцки

Ford Mustang од 1967 година е последниот модел во серијата Lego Creator. Комплетот се состои од повеќе од 1.400 делови и содржи неколку можности да се стави личен печат на возилото. Фановите ќе се одушеват од детали, како можност за дигалка да се постави под задната оска или детално изработен кош под хаубата.

Ford го снимаше четиричасовното склопување, чекор по чекор.

Средби на сопственици и фанови ширум светот

Сопственици на Ford Mustang се собраа на неколку локации во Велика Британија и во Германија, во средата, на 17-ти април, за да го одбележат точниот ден кога стартуваше продажбата на Mustang. Во исто време се одржуваа и средби во Канада, Кина, Либан, Мексико, Емиратите и САД.

Во Дантон, Велика Британија, 66 ентузијасти пристигнаа со своите возила, вклучувајќи четири модели од последната генерација и примероци од сопствената историска колекција на Ford. Возилата се распоредија да испишат „55“, гледано од воздух.

Врска до фотогалеријата од настанот на Google Photos:

Mustang 55 / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

hyundai venue

Четириметарски СУВ од Hyundai за САД и Азија

кампување европа цени

Најскапа земја за кампување годинава е Италија