128
17 shares, 128 points

Ford од летово е преселен во новиот центар што се наоѓа на улица Босна и Херцеговина број 1. Сите дејности околу сервисирањето и продажбата на возила продолжуваат со вообичаениот тек. Тоа што клиентите веднаш ќе го почувствуваат е големиот простор, добрата организација – и брзото наоѓање паркинг, што беше мисловна именка на претходната „историска“ локација.

Местото на коешто Ford се наоѓаше досега, крстосницата меѓу булеварите 8-ми Септември и Илинден, веројатно има доживеано најмногу поглавја од историјата на македонската автомобилска сцена, од сите места на коишто се одвиваше нејзиниот развој. Кога доаѓало време автомобилот да се измие и дотера, да се постави аларм, озвучување или паркинг сензори, а честопати и да се испие утринското кафе, првата адреса отсекогаш била истата – Мида, спроти „воена“. Секако, на истата адреса се случуваа и сите фази од развојот на марката Ford на македонската сцена.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Мида Гранд Моторс од пред неколку денови работи на нова локација, на самиот почеток на улицата Босна и Херцеговина, веднаш по семафорите на „Словенечка“. Станува збор за модерен и репрезентативен објект, чијашто вистинска големина се покажува дури откако возилото ќе се остави на едно од трите посебни паркиралишта. Тоа обично беше работа на чиста среќа на старата локација.

Во новиот центар на Ford се’ како да е за еден број поголемо

Центарот, или официјалнo Ford Store, се состои од главен салон на Ford со простор за изложување десетина модели, со втор салон што веројатно има површина колку стариот салоно, како и со трет изложбен простор, каде што уредно ќе бидат сместени користени возила. Моментно се доопремуваат големиот магацин за резевни делови и се вршат завршни зафати во лакирницата и каросериското одделение.

New photo by Automedia MK / Google Photos

При нашата куса посета на новиот Ford Store забележавме дека сервисната работилница веќе работи под полна пареа, што веројатно претставувало и најголем временски и организациски предизвик при преселбата, имајќи го предвид целиот регион што го покрива сервисот на Мида Гранд Моторс.

Официјални соопштенија за јавност и основните технички податоци околу градбата засега отсуствуваат, затоа што „фабриката“ уште се наоѓа во изградба. Свеченото отворање треба да се случи во втората половина на август.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новиот објект очигледно ќе смени многу во присуството и имиџот на марката Ford на македонската сцена, иако и досега Мида Гранд Моторс почитуваше високи стандарди и сериозен настап пред клиентите. Ford Store дефинитивно ќе убеди уште поширок круг возачи да ја избере марката со синото лого.

Новата локација на Мида Гранд Моторс

Неколку дополнителни мотиви додека објектот се подготвува за големото отворање

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

128
17 shares, 128 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *