за

Ford за три години ќе пушти 30 нови модели во Кина

ford Кина нови модели

Ford се подготвува за масовно присуство на кинескиот пазар. Тоа е втор најважен пазар за компанијата по САД. Се најавува дузина електрични модели, но и вложување во обука на локалната работна сила. Трговскиот спор што го наметна Трамп, генерално влијае лошо врз автомобилскиот бизнис.

Во седиштето на Ford во Дирборн, познато и како „стаклената куќа“, моментно се коваат планови за претставување на повеќе од 30 нови модели на кинескиот пазар во следните три години. Околу една третина од моделите ќе користат електричен погон. Американците работат и на унапредување на односите со кинеските партнери, меѓу другото и преку платена обука и ангажирање на локална квалификувана работна сила.

Кина е најважен пазар за Ford, по САД. Лани прометот во азиската земја опадна за повеќе од третина. Менаџерите на Ford ја наоѓаат вината за тоа во отсуството на нови модели. Според пазарните експерти, трговскиот спор меѓу Кина и САД исто така ја задушува продажбата.

Европскиот огранок на Ford имаше мошне важна седмица, со настанот во Амстердам, кадешто беше претставена новата генерација на Kuga, заедно со голем број хибридни изведби на постоечките модели, Explorer со плагин хибриден погон и нов СУВ на база на Fiesta, под познатото моделско име од 1990-те, Puma.

Идната Ford Puma ќе биде СУВ и ќе вози како благ хибрид

Ford Kuga радикално сменета и заслужено нова

Ford Focus и Fiesta добиваат благ хибриден погон

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 држави со најмногу радари: Италија шампион со преку 10.000 контроли

McLaren Grand Tourer 1newrules

Гран-турерот на McLaren без маска и со датум за мај