за

Ford GT доби уште две години производство

Ford GT dve godini plus

Место на илјада произведени примероци за четири години, лимитот за Ford GT сега се поместува на 1.350 примероци и за две дополнителни години. Со тоа уште не се задоволува побарувачката на пазарот, којашто е седумпати поголема

Производството на суперспортскиот Ford GT ќе продолжи во следните две години, заради покривање на големиот интерес на пазарот. Ford досега има добиено седумпати повеќе нарачки од планираната продукција. Новата процедура за поднесување „кандидатура“ за купување на моделот со легендарното име ќе започне на 1-ви ноември и ќе трае до крајотна месецот. Вкупната продукција од Ford GT се зголемува на 1.350 примероци. Првично требаше да бидат изработени само петстотини возила.

Ford GT dve godini plus 1

Шанса да се кандидираат за (сé уште) суперексклузивниот модел имаат клиентите на Ford кои во својот возен парк веќе имаат GT од претходните генерации, или барем имаат традиција на возење на марката. Барањата се поднесуваат директно на FordGT.com. Среќните добитници на шанса да го купат скапоцениот и пеколно брз автомобил ќе бидат контактирани директно од специјалната служба на Ford што е организирана за оваа цел.

Онлајн-контактирањето со Ford во меѓувреме го практикуваат и македонските возачи. Според Ми-Да Гранд Моторс, секој десетти сопственик на автомобил Ford закажува сервисирање преку македонската интернет страница на марката · Врска до Мој сервис на Ford: http://mojservis.ford.mk/

Херман Заленбаух, директорот на Ford Performance, како што официјално се води огранокот за спортските модели со синиот овал: „Со продолжувањето на производството на Ford GT за одредено време, ја задржуваме ексклузивноста на овој ултра-посакуван суперавтомобил, воедно овозможувајќи поголем круг купувачи да го поседуваат истиот, покрај 80-те сопственици на Ford GT во Европа, на коишто досега им е испорачан автомобилот по специјална нарачка.“

Со втората „транша“ беше планирана строго ограничена серија од 1.000 примероци за период од четири години. Производството започна во декември 2016. Доколку имаме подзаборавено досега: Моторот е 3,5-литарски V6 со битурбо натполнење, масовно е користен карбон, применета е активна аеродинамика, крајната брзина изнесува 347 km/h.

Компанијата неодамна го најави новиот Ford GT Heritage Edition, како потсерија за 50-годишнината на победничките болиди од Ford GT40 на Леман, во 1968 и 1969 година. Каросеријата ќе биде лакирана во препознатливите тркачки бои на Gulf Oil, во сина и портокалова „историска“ боја.

Избраните идни сопственици на Ford GT ќе ги добијат своите возила во периодот од 2020 до 2022 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Макпетрол Верна Шоп & Драјв 1

Меџикот на Макпетрол станува Верна Шоп & Драјв

миење гуми под висок притисок

Водениот млаз ги оштетува гумите – при помалку од 30 сантиметри