167
21 shares, 167 points

Ford се збогува од маратонските трки по годинешниов 24 часа Леман. Големи се изгледите поздравната трка да донесе уште повеќе причини за славење, откако четирите фабрички болиди постигнаа одлични времиња на квалификациите и утре ќе стартуваат од првите редови во класата ГТЕ Про.

Британецот Хари Тинкнел го постигна второто најдобро време во ГТЕ-класата со Ford GT, кого што утре ќе го дели со земјакот Енди Прио и со Американецот Џонатан Бомарито. Со време на круг од 3:48,112 минути, на Тинкнел му недостигашe само 0,112 секунда да го освои првото стартно место, за коешто се избори Ники Тим со фабричкиот Aston Martin Vantage AMR.

Како што објавивме претходно, четирите болиди на фабричкиот тим Ford Chip Ganassi Racing ќе имаат „историски“ бои на годинешниов Леман. Најбрзиот Ford GT е лакиран во црвено-бела комбинација и носи стартен број 67, во знак на Ford GT40, со когошто Ден Гурни и А.Џ. Фојт победија на францускиот маратон во 1967 година.

Ford GT беше создаден како хомологациска основа за учество на 24 часа Леман – и Ford мораше двапати да ја зголемува продукцијата поради високата побарувачка

Останатите три фабрички болиди постигнаа шесто, седмо и десетто најбрзо време во класата ГТЕ, во конкуренција од 17 болиди што се квалификуваа за утрешниот старт во 15 часот. Ford GT со стартен број 68 ќе го вози триото Дирк Милер, Џои Хенд и Себастијен Бурде. Овој болид е лакиран по пример на победничкиот Ford во класата ГТЕ Про во 2016 година.

Црно-белиот Ford GT со стартен број потсеќа на легендарната победа на Брус Мекларен и Крис Амон во 1966 година. Штефан Мике, Оливие Пла и Били Џонсон ќе се менуваат зад воланот. Од десеттото место ќе стартуваат Скот Диксон, Ричард Вестбрук и Рајан Бриско, со болидот во стил на второпласираниот Ford GT во 1966 година.

Трката ќе се пренесува на Еуроспорт. Фановите на Ford и на Леман ќе можат да ги следат во живо камерите во четирите GT-болиди на јутјуб-каналот на Ford Performance, како и на FordPerformance.tv.

Врска до резултатите во живо во класата ГТЕ на 24 часа Леман, почеток утре во 15.00 часот:

https://www.lemans.org/en/24-hours-of-le-mans/live-timing

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Mazda 3 на споредбен тест со Ford Focus и Peugeot 308 во Ауто Билд

Ford ќе вози во историски бои на 24 часа Леман

Автопилотиран Ford испорачува пратки преку автопилотиран робот

Еднолитарскиот EcoBoost на Ford со 11-та титула на светски мотор

 

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
21 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *