142
19 shares, 142 points

Кога книга од автомобилизмот доживува трето издание, тоа кажува многу. Со предговор од Џеки Икс, оваа книга детално и верно ја раскажува приказната за соперништвото што не требаше да се случи. Ford GT го победи Ferrari на 24 часа Леман пред повеќе од половина век. Тоа е долга приказна.

Книгата со наслов „The Ford That Beat Ferrari“ повторно излезе свежа од печат, во меѓувреме во своето трето издание. Тоа е книгата што ја раскажува класичната приказна за Ford GT40, преку 850 автентични фотографии, од кои повеќето во боја. Почетокот на приказната е добро познат. Ford во 1963 година има понуда да го купи Ferrari, но е одбиен. Американскиот гигант на тоа возврати со основање сопствена тркачка програма, поставена со цел да ја победи прочуената италиканска марка на најважната автомобилска трка во светот, на 24 часа Леман. Тоа е воедно и приказната во холивудскиот филм „Ford v. Ferrari“, кој наскоро треба да почне со прикажување.

Мисијата беше исполнета. Ford GT40 победи со спектакуларен финиш 1-2-3 на Леман во 1966 година. Во следните три години, болидот на Ford продолжи да победува. Оваа книга првпат е издадена во 1985 година, потоа имаше редизајн во 2005 година, а сега се појавува повторно, поради големиот интерес. Во меѓувреме има и дополнувања од последните учества на GT40.

Наслов: The Ford That Beat Ferrari. A Racing History of the GT40

Трето издание

  • Автори: Џон Ален и Гордон Џоунс
  • Предговор од Џеки Икс
  • Издадена: Октомври 2019
  • Јазик: Англиски
  • Препорачана цена во Велика Британија: £90.00 (има попусти на Amazon)
  • ISBN: 978-1-910505-47-2
  • Димензии: 280 x 230 mm ● Цврст повезБрој на страници: 496
  • Илустрации: повеќе од 850 фотографии, вклучувајќи колор фотографии

Линк до страницата за нарачка на книгата на Amazon.co.uk (информативно): 

https://www.amazon.co.uk/Ford-That-Beat-Ferrari-History/dp/1910505471/ref=sr_1_1?keywords=The+Ford+That+Beat+Ferrari.+A+Racing+History+of+the+GT40&qid=1570648738&s=books&sr=1-1

Во продолжение содржината на книгата: (на англиски јазик)

Development of the GT40: how the prototype Ford GT emerged in 1964 from the previous year’s Lola GT programme.

The works teams and the GT40: the car’s racing exploits in its earlier years, first with Ford Advanced Vehicles (1964), then Shelby American (1965) and Alan Mann Racing (1966).

The big ones: this section of the book covers the GT40’s evolution into the 7-litre monsters that brought enormous success, including the first two Le Mans victories with the Mark II (1966) and Mark IV (1967), before becoming outlawed by new restrictions on engine size.

The Gulf years: against all expectations, the venerable GT40, now back to 5-litre power, raced on with John Wyer’s crack JW Automotive Engineering outfit in the iconic blue and orange colours of Gulf, successes including two further Le Mans wins (1968 and 1969).

The production line racer: the stories of the 68 privateers, big and small, who raced GT40s.

Chassis and drivers: a data section giving resumés of type designations, chassis histories and all drivers who raced GT40s.

The magic lives on: the book’s concluding sections show surviving cars at differing stages in their later life and bring the story up to date with developments since the 2005 edition.

Крис Амон за победата со Ford GT40 на Леман пред 40 години

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

142
19 shares, 142 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *