Ford нуди опција за карбонски бандажи за својот суперспортски автомобил, полесни за еден килограм од стандардните. Тоа влијае за возните својства и управливоста да се истакнат уште повеќе.
Додека пристига потврда дека над 6.500 потенцијални купувачи се пријавиле за петстотините примероци, Ford објавува нови детали околу својот суперспортски автомобил. За Ford GT ќе стои на располагање можност за доплата за бандажи изработени од карбон, со видлива структура на влакната и со вообичаените предности што овој материјал ги носи во заштедата на тежината.
Карбонските бандажи се изработени во соработка со добавувачот Carbon Revolution, со примена на последната технологија на којашто овозможува поголема флексибилност во дизајнирањето на истите и постигнување повпечатлив изглед. Купувачите на Ford GT ќе можат да избираат сјаен или мат финиш на површината, соодветно на финишот на карбонските делови во каросеријата и во ентериерот.
New carbon fiber wheels are newest enhancement to #FordGT performance, technology & style https://t.co/3w8P3b4EYR pic.twitter.com/6q5D0kmo0e
— Ford Performance (@FordPerformance) May 17, 2016
Со пониската тежина на бандажите се намалуваат и таканаречените небалансирани тежини и инерциски моменти, односно се подобруваат реакцијата на подвозјето, комфорот и управливоста. Карбонските бандажи поседуваат пречник од 20 инчи исто како стандардните алуминиумски бандажи, но имаат покрута структура и за околу 1 килограм се полесни. Инерциските сили се намалуваат за 25 проценти.
Контактот со подлогата се подобрува, а со тоа и тракцијата и возливоста. Помалку енергија е потребно за завртување на тркалата, од што се подобруваат чувството зад воланот, динамиката во возење, исто како и комфорот на подвозјето, вклучувајќи и пониска бучава.
[FAG id=24341]