за

Ford GT се купува само со кандидатура – и со 500.000 евра

За Ford GT не се потребни само половина милион евра, туку и долга верност кон марката и претходно поседување на барем еден GT. Ford ќе избира на кого ќе го доверува новиот суперспортски болид.

Започна светската трка за набавка на примерок од суперспортскиот Ford GT. За таа цел, од денес е активна интернет-страницата www.fordGT.com на којашто сите заинтересирани купувачи можат да се пријават до 12-ти мај. Цената на примерок од моделот што е најголема гордост на Ford ќе изнесува меѓу 500.000 и 550.000 евра, не вклучувајќи ДДВ и трошоци за транспорт. Првите возила ќе им бидат испорачани на новите сопственици веќе во текот на оваа година.

Ford GT е еден од најексклузивните сериски модели во историјата на концернот, со серија ограничена на по 250 примероци годишно. Производството ќе трае само две години, што значи дека од моделот ќе се изработат само 500 примероци.

Поголема шанса да им биде прифатена „кандидатурата“ за поседување Ford GT имаат верните купувачи на автомобил од марката со синото лого, како и сопствениците на примерок од претходните генерации на моделот.

Ford GT
Ford GT

По изборот на купувачите на кои ќе им го препушти правото да управуваат со нивниот ексклузивен автомобил, Ford ќе им ја понуди специјалната услуга „Ford GT Concierge-Service“. Оваа услуга подразбира тим од посебно обучени експерти, кои ќе посредуваат при потпишувањето на купопродажниот договор и при испораката на возилото, како и за секој случај кога сопствениците ќе имаат потреба од совет или услуга за својот ексклузивен модел на Ford.

Ford GT во најкуси црти е суперспортски автомобил со карбонска каросерија со врвна аеродинамичност, лесна конструкција и кулминација во развојот на генерацијата мотори EcoBoost на Ford. Шестцилиндарскиот мотор со битурбонатполнење и зафатнина од 3,5 литри ослободува 600 КС, кои преку седумстепен менувач со двојна спојка се пренесуваат на задната оска.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Катастрофални резултати од краш-тестовите на автомобилите за Азија и Јужна Америка

Мото-марката MV Agusta ниту Mercedes повеќе не ја спасува