за

Ford GT се враќа на Леман по половина век

Ford ќе ја одмине овогодишната 24-часовна трка во Леман, но затоа има голема најава за следната. Американците се враќаат на најважната трка во светот со четири возила Ford GT.

Марката со синиот овал вчера ја претстави тркачката верзија на Ford GT во Леман. Четири примероци од тркачкиот автомобил ќе се натпреваруваат во категоријата KMGTE-Pro во следната година. Тркачката верзија на Ford GT се базира на суперспортскиот сериски автомобил што беше претставен во јануари годинава и профитира од неговите технолошки иновации. Стартувањето на четирите Ford GT на Леман ќе се поклопи со одбележувањето на половина век од трикратната победа во 1966 година, кога три возила Ford GT Mk II се најдоа на трите места на победничкиот пиедестал. Истовремено со враќањето на Леман ќе стартува со продажба и специјалната воведена серија од Ford GT во ограничен број примероци.

Ford GT в година ќе вози во трагите на славните претходници и четирите победи на Леман. Првиот GT беше развиен како бесен одговор на Енцо Ферари од Ford
Ford GT в година ќе вози во трагите на славните претходници и четирите победи на Леман. Првиот GT беше развиен како бесен одговор на Енцо Ферари од Ford

„Со учеството на GT40 во 1960-те години во Леман, Хенри Форд Втори сакаше да докаже дека неговото претпријатие е способно да ги победи најуспешните и најлегендарни производители на сцената на спортските автомобили“, изјави Бил Форд, претседател на надзорниот одбор на компанијата Ford. „Сé уште сме особено горди на тоа што четирипати по ред победувавме на оваа неспоредлива трка. Истиот натпреварувачки дух којшто ги следеше многубројните иновации во првиот Ford GT, нé следи до денес.“

Тркачкиот Ford GT ќе стартува во двете најважни тркачки серии на долги патеки

Тркачката верзија на новиот Ford GT во следната година ќе стартува во двете најважни тркачки серии на долги патеки на глобално ниво: На светскиот шампионат во издржливост на FIA и на американскиот шампионат USSC. Суперспортскиот автомобил изработен во целост од карбон ќе дебитира во јануари 2016 година на 24-часовната трка во Дајтона, Флорида. Ford го ангажираше искусниот американски тим Ganassi, којшто ќе настапи во Леман под името „Chip Ganassi Racing with Felix Sabates“ познат од серијата NASCAR. Тимот ќе учествува со четири возила Ford GT на Леман. Возачките имиња ќе бидат објавени наскоро.

ford gt leman 2016Новиот Ford GT е меѓу највпечатливите имиња во моделската офанзива на Ford. Марката планира до 2020 година да претстави повеќе од 12 нови спортски возила или спортски варијанти, развиени од новиот тим „Ford Performance“. Во развојот на новите спортски верзии, како и на делови за тјунирање на возилата ќе се користат искуствата и експертизата стекната во мотоспортот. Целта е најновите технологии да се најдат во сериските модели на Ford во најкус можен рок.

Моторот во Ford GT веќе има две големи победи зад себе

Понудата од модели на тимот „Ford Performance“ во моментов ги опфаќа Focus RS, Fiesta ST, Mustang Shelby GT 350 и Mustang Shelby GT 350-R, како и пикапот F-150 Raptor. Во развојот на GT учествуваа реномирани партнери како Multimatic, Rousch Yates и Ganassi, со долгогодишно искуство во мотоспортот. Ford и Multimatic беа одговорни за конструкцијата и за обемните тестирања, Ganassi ги реализираше искуствата во практуичниот развој, додека Rousch Yates пристигна како засилување во развојот на 3,5-литарскиот мотор V6. Овој мотор првпат беше користен лани во рамките на американскиот шампионат со спортски автомобили Тудор. Оттогаш, Ford и Ganassi забележа победи на трките 12 часа Себринг и 24 часа Дајтона.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спектакуларна незгода во тунел: Американка возела по таванот?

900 КС во Mercedes-Maybach во тјунинг-режија на Brabus