за

Ford GT е плашило за Ferrari: Историјата се повторува

Со „челично“ сина боја и карбон оздола, новиот GT повторно му закажува двобој на Ferrari

Со 600 КС и карбонска каросерија, новиот Ford GT ја враќа во живот приказната од пред половина век, кога Хенри Форд Втори одобри неограничен буџет за „уништувачот“ на Ferrari.

Двобој меѓу Ford и Ferrari? Нема шанси. Овие две марки се од два различни света, и тоа не само во географска смисла. Од едната страна е италијански производител на ексклузивниспортски автомобили, од коишто во Маранело секоја година се изработуваат само неколку илјади примероци, а од другата страна е вториот по големина производител на возила во САД, којшто годишно произведува преку шест милиони лимузини, ванови, пикапи и теренци. Но, секогаш кога Ford ќе ја претстави својата визија за спортски автомобили со волшебната кратенка GT, како на актуелното издание на салонот во Детроит, повторно заживува легендата за „плашилото за Ferrari“.

Место преоѓање на хибрид, Ford се реши за лесна конструкција и класичен погон

Апсолутната ѕвезда на салонот во Детроит се наоѓа на штандот на Ford. По десетгодишна пауза, Ford повторно планира на етаблираните специјалисти од стариот свет да им покаже каде лежи зајакот. Новиот GT доаѓа во 2016 година. Во аеродинамички оптимираната каросерија од карбон се пристапува преку крилести врати, а школкастото седиште за возачот и воланот побудуваат асоцијации на формула 1. Од техничките податоци за возилото, Ford објави единствено дека за погонот на задните тркала од 20 инчи се грижи последната еволуција на наградуваниот мотор Ecotec V6, којшто во цивилната варијанта секоја година се вградува во стотици илјади пикапи, теренци и ванови. Моторот со турбонатполнење ќе постигнува моќност од 600 КС во GT. Тоа ќе биде доволно за забрзување до сто за помалку од три секунди и крајна брзина од преку 300 километри на час.

Ford GT 40 се роди како одмазднички чин на Хенри Форд Втори, откако „Комендаторе“ ја услови продажбата на Ferrari
Ford GT 40 се роди како одмазднички чин на Хенри Форд Втори, откако „Комендаторе“ ја услови продажбата на Ferrari

Со најавата за новиот модел повторно заживува конкурентската битка меѓу Ford и Ferrari. Пред половина век Ford претстави првиот GT како еден од најголемите автомобилски митови во историјата. Во почетокот на 1960-те години, врвот на мотоспортот не беше формула 1, туку светскиот шампионат со спортски автомобили со спектакуларниот „24 часа Леман“. Ferrari владееше на овој маратон во периодот меѓу 1960 и 1964 година. Ford виде предизвик да ја прекине оваа доминација и да го исполира имиџот со триумф во врвниот мотоспорт. Тогашниот прв човек на Ford, Хенри Форд Втори, одобри неограничен буџет за развој на автомобил што ќе го симне Ferrari од престолот. Но, многу повеќе се работеше за освета.

Хенри Форд тогаш му понуди баснословна сума на Енцо Ферари за купување на италијанската марка, што никој разумен човек не би ја одбил. Комендаторе, којшто се интересираше само за тркачките активности на неговата марка и во нив ја вложуваше секоја лира од продажбата на неговите спортски автомобили, се сложи да го продаде Ferrari. Единствениот услов беше тој да продолжи да го води тркачкиот оддел. Хенри Форд на тоа реагирал типично американски: „We’ll kick ‘em in the ass“.

Трансатланската зделка пропадна во мај 1963 година. По кусо време се појави првата скица од американското „плашило за Ferrari“. Тим специјалисти од Lola и Aston Martin почна да работи на развојот на возилото во Англија. Додека Ferrari полагаше на филигрански дванаесетцилидарци, Ford остана верен на американската традиција и одреди мотор V8 со голема работна зафатнина. Почна со 4,6 литри, на крајот заврши со шест литри. Бројката 40 во ознаката GT 40 се однесува на висината на возилото – 40 инчи или 101,6 сантиметри. Болидот беше долг 4,06 метри и тежеше 980 килограми. Моторот ја стартуваше својата кариера со 335 КС.

GT 40 ги декласираше конкурентите на Леман, со први три места. Доминацијата продолжи и во наредните две години
GT 40 ги декласираше конкурентите на Леман, со први три места. Доминацијата продолжи и во наредните две години

Во 1966 година, Ford ја исполни целта. GT 40 ја декласираше конкуренцијата со трикратна победа во Леман. Премиерното појавување на Американците во меѓународниот мотоспорт истата година беше крунисана со шампионска тутула во светското првенство со спортски автомобили. Ford го повтори успехот во 1967 и 1968 година. Во периодот меѓу 1964 и 1968 година се произведоа 134 примероци од GT 40, како тркачки и како патнички автомобил.

Ford го прослави 40-от роденден на спортската икона со ново издание на GT во 2004 година. Една година претходно марката го славеше и стотиот роденден. Болидот изгледаше верен на оригиналот, иако

Во 2006 година се појави новиот GT во чест на 40-годишнината
Во 2006 година се појави новиот GT во чест на 40-годишнината

каросеријата беше подолга за 60 сантиметри. Под ламарината скроена во ретро стил се најде најмодерна техника. Пред задната оска беше вграден класичен V8 од 5,4 литри, којшто со помош на компресор мобилизираше 550 КС. Со таа моќност, GT спринтуваше за 3,9 секунди до темпо сто и запираше со забрзувањето дури при 330 километри на час. Ferrari немаше шанса. Но, Ford не планираше повторно да се докажува на трките, туку го создаде возилото повеќе со цел да го освежи имиџот на марката, затоа што меѓу 2004 и септември 2006 година возилото од 1,6 тон се изработе во серија од само 4.038 примероци. Од нив, само 101 завршија во Европа, по цена од 180.000 евра.

Ford уште не открива колку ќе чини новиот GT кога ќе се појави во продажба во 2006 година. Стратегијата сигурно нема да се менува. Возилото ќе се изработи во мала серија и ќе биде пеколно скапо. Ferrari повторно е на нишан, но и McLaren и Lamborghini. Големите борци имаат изрека: Колку повеќе непријатели, толку поголема слава.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Колбасот со кари на Volkswagen ги претрка автомобилите

Seat има најголем соларен парк во автоиндустријата