140
19 shares, 140 points

Комби изведбата на Ford Focus не ја пропушта ознаката ST, со којашто во актуелната генерација на компактот од Келн следат 280 КС и приспособливо подвозје.

Постои некоја посебна привлечност во спојот меѓу каросериската форма што обично не се поврзува со спортски имиџ и погонска механика што го обезбедува токму тоа, спортски имиџ. Ford Focus ST ја имаше својата премиера во традиционалната комбилимузинска изведба, сега следи и комбито Turnier.

Сите квалитети на ST, а тоа во актуелната генерација значи 2,3-литарски турбо бензинец со 280 КС и 420 Nm или дволитарски дизел со 190 КС, важат и за ST во комби изведба. Бензинецот од Ford Mustang може да работи и во комбинација со седумстепен автоматик. Напред работи електронска симулација на блокада на диференцијал, заради смалување на подуправувањето.

Фабриката декларира 5,8 секунди за спринт до сто и крајни 250 km/h

Во спортскиот арсенал спаѓа и „меѓугас“ при префрлување во понизок степен, во стилот на рели-легендите. Возачот може да избира меѓу неколку различни режими на работа на погонската спрега и на подвозјето, зависно од тоа дали во моментот е поважен комфорот во возењето, или пак, важни се километрите на час и адреналинот, доколку со семејното комби се направи его-излет на тркачка патека.

На овие квалитети се надоврзуваат гените на „Turnier“, како што традиционално си гласи ознаката на комби-моделите на Ford. Во каросерија долга 4,67 метри или триесетина сантиметри повеќе од комбилимузината, следи багажник од 575 литри или 1,62 кубен метар, со соборена задна клупа и со помошно резервно тркало. Во вториов случај, назад се добива простор за товарење долг 1,83 метар.

Продажбата стартува во текот на летото. Само два модели моментно нудат повисока моќност во компактно комби: Golf R со 300 КС и Seat Leon ST Cupra 300, практично исти модели. MercedesAMG CLA 35 Shooting Brake ќе вози со 306 КС, а новиот „45“ со далеку над 400 КС.

Кога Ford Focus добива мотор од Mustang станува Focus ST

Ford Ranger во „снагаторска“ изведба ќе се вози и во Европа

Ford Explorer пристига на крајот на годинава со 450 „хибридни“ КС


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *