за

Фабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил

Фабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил
Фабриката на Ford во Зарлуи го произведе 15-милионитиот автомобил

По речиси половина век откако во јануари 1970 година од производствената лента во Зарлуи се симна првиот Ford Escort, оваа фабрика на Ford го произведе 15-милионитиот автомобил.

Славеничниот автомобил е Ford Focus ST црвен како рубин, со 2,3-литарски EcoBoost со своите 280 КС. Моделот од четвртата генерација на Ford Focus од мај 2018 година се произведува во Зарлуи, исто како и сите претходни генерации на моделот.

Последната голема смена во фабриката во еден од централните региони на германската индустрија се случи во јули 1998 година. Тогаш од лентите се симна последниот Ford Escort, заменувајќи се со првиот Focus. Двата модела беа бестселери.

Неодамна продукцијата на Ford Focus во оваа фабрика го престигна Escort. Меѓу 1970 и 1998 година, од класичарот на Ford, во неговите пет генерации, во Зарлуи се произведоа 6,02 милиони примероци. На Ford Focus, кој повеќепати беше најпродаван автомобил во годината, потребни му беа седум години и една генерација помалку, за со 6,1 милиони примероци да го презеде водството во ова интерно броење.

Седум различни моделски серии се произведувале во фабриката на Ford во Зарлуи

Escort и Focus не се единствените модели што од оваа фабрика се извезуваа во Европа и во светот. Паралелно со Escort се произведуваше легендата Ford Capri (1971 до 1975), како и Ford Fiesta (1976 до 1980) и Ford Orion, како што тогаш се нарекуваше лимузинската изведба на Escort (1983 до 1993). покрај Focus се произведуваа Ford Kuga (2008 до 2012) и C-MAX (2003 до 2010 и од 2014 до 2019).

Првиот милион „падна“ уште во февруари 1976 година. Тоа беше Ford Escort од втората генерација. Во февруари 1990 се одбележуваше петмилионитиот автомобил, исто така Escort, но од четвртата генерација. Јубилејот на десет милиони произведени автомобили се одбележуваше во мај 2005 година, со Ford Focus Turnier од втората генерација.

Моментно се произведуваат 1.160 примероци од Focus дневно. Извозот достигнува 72 проценти. Компактот на Ford оттука се извезува во 44 држави, првенствено во Европа, но и во Австралија, Нов Зеланд и Тајван.

Top Gear вели дека Ford Focus ST е спортски компакт на годината

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

Volvo ги носи возилата на своите клиенти на перење

bmw i3

Производителите на автомобили се шампиони во рециклирање