159
159 shares, 159 points

Две титули за најдобар автомобил на годината, десетпати најдобар во класа, најчесто нарачуван во спортската изведба ST-Line. Тоа што се навестуваше при ноемвриската тест-сесија, сега добива и официјална потврда. За половина година се продадоа 42.000 примероци од новиот Ford Focus

Се наполни полицата со трофеи на Ford Focus. Комплетно нов, основоположник на новиот круг генерациски смени во компакт класата, исто толку радикален во промените како при преоѓањето од Escort во Focus пред дваесет години, новиот модел на Ford за кусо време освои 12 престижни награди, вклучувајќи две титули за најдобар автомобил на годината. До ноември се продадоа повеќе од 42.000 примероци. Сето тоа во само шест месеци.

Ford Focus test 1.5 ecoboost st-lineКупувачите најчесто ја избирале моделската варијанта ST-Line. Четири од секои десет купувачи се решавале за спортското ниво на Focus. Еден од шест купувачи избирал хром-сина или тропски-сина боја на каросеријата. За потсетување, нашиот тест на Ford Focus 1.5 EcoBoost ST-Line. Популарни се и магнет-сивата и мраз-белата боја. Честопати се доплаќа и за осумстепениот автоматски менувач. Ова луксузирање не укажува на друго, освен на тоа дека возачите препознаваат солидна основа во новиот Focus.

Новитет во моделската гама на Ford Focus е изведбата Active, како кросовер во стил на СУВ

Произведуван во фабриката на Ford во Сарлуис со примена на иновативни технологии, Focus е достапен во комбилимузинска и комби каросериска изведба. Освен нивото ST-Line, коешто е популарно во сите модели на Ford, во гамата на компактот се нудат и основното ниво Trend, стилското ниво Titanium и ексклузивното ниво Vignale, во чијшто финиш феќе има детали на модел од премиум сегментот. Од неодамна во гамата е придружи и кросовер-изведбата Focus Active, со зголемено растојание од подлогата и соодветно дотерано подвозје, како и каросериски додатоци во стил на СУВ.

Ford Focus Active premieraЧувството на сигурна контрола што возачот го има зад воланот, во комбинација со убедливото чувство на комфор му донесоа на Ford Focus титули на најдобар автомобил на годината во Хрватска и Финска.

Шпански експерти посебно ги ценеа штедливоста на бензинските и дизел моторите во гамата, лесното поврзување со телефон и воспоставувањето интернет преку FordPass Connect, што на автомобилот му донесе титула на најдобар службен автомобил. Истото се повтори и на изборот за најдобри службени автомобили во Велика Британија, кадешто Focus ја понесе победата во компакт класата. Ford Focus е воедно и еден од седумте финалисти за европски автомобил на годината.

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата

Со осетно повеќе простор во кабината од моделот од претходната генерација, а со тоа и од повеќето соперници, Focus прикажува мошне зрело ниво на завршна изработка и избор на материјали. Ford секогаш го истакнува и изобилството од системи за асистенција, почнувајќи од приспособливиот темпомат, со можност за самостојно запирање и поаѓање при возење во колона, до проекциски дисплеј. Конзорциумот Euro NCAP додели и пет ѕвезди за безбедноста на Focus, кој е меѓу првите модели што се оценуваат според новите и построги критериуми.

Дванаесетте награди што Ford Focus ги освои во 2018 година:
  • Автомобил на 2019 година – Финска
  • Автомобил на 2019 година – Хрватска
  • Семеен автомобил на годината (победник во две категории) – Белгија
  • Автомобил на годината во компакт класата – Ирска
  • Златен волан на Аутобилд : Најдобар компакт модел – Бугарија
  • Службен автомобил на годината : Во компакт класа – Велика Британија
  • Компактен семеен автомобил на годината според Паркерс: – Велика Британија
  • Автомобил на годината: Најдобар семеен модел – Шкотска
  • Авто Трофеј на Ауто Цајтунг: Победник во компакт класа – Германија
  • Голема автомобилска награда на Австрија: Во стартна категорија – Австрија
  • Службен автомобил на годината – Шпанија
  • Награди во категорија на возни паркови: Најдобра противвредност – Чешка

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

Седиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

Ако Ford Kuga е многу, Focus Active е точно по мера

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

159
159 shares, 159 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format