133
114 shares, 133 points

Четвртата генерација на Ford Focus го освои првото место во изборот за хрватски автомобил на годината. Германскиот компакт победи со огромна предност пред второпласираниот модел, Peugeot 508

По долгата доминација на марките Peugeot и Opel во изборите во изминатите дваесетина години, новиот Ford Focus постигна убедлива победа и ја освои титулата на хрватски автомобил за 2019 година. Високите оцени од жирито му донесоа прво место и награда Златен волан на Ford Focus. Со вкупно 112 бодови, Focus имаше огромна предност пред второпласираниот модел во годинешново гласање, Peugeot 508, кој го заврши гласањето со само 70 бодови. Еден бод помалку има новата генерација на Mercedes A-Class (69 бодови), четврта е Kia Ceed со 61 бодови, додека Nissan Leaf освои 48 бодови.

Во финалето се најдоа шест модели: Ford Focus, Kia Ceed, Mercedes A-Class, Nissan Leaf, Peugeot 508 и Seat Arona. Застапникот Порше Кроација го повлече малечкиот шпански СУВ непосредно пред завршната фаза од изборот.

Седум членови на хрватското жири му доделија максимални 10 бодови на Ford Focus

Победникот Ford Focus е само неколку месеци на пазарот и во почетокот на следната година ќе следи комплетирањето на понудата од каросериски варијанти, мотори и некои иновативни ставки од дополнителната опрема. Конкурентот на Golf сепак успеа за ова кусо време да ги убеди експертите од водечките европски медиуми. Ми-Да Гранд Моторс обезбеди неколку примероци од Ford Focus за тест директно од Германија. Повеќе за впечатоците на Аутомедиа од тестот на возилото можете да прочитате на следнава врска.

Исходот од гласовите на жирито ги потврди и резултатите од гласањето на автомобилскиот портал Autonet.hr, каде што 37% од посетителите гласаа за Ford Focus, за новиот Mercedes A-Class гласаа 21 проценти, додека на Peugeot 508 му припаднаа 16 проценти од гласовите на публиката. Kia Ceed имаше 14 проценти од гласовите, Nissan Leaf шест проценти.

Хрватското жири го сочинуваат автомобилските новинари: Озрен Адамовиќ (Auto.), Хрвојое Гатин (Autonet.hr, DMC Televizija), Златко Хорват (Auto klub), Здравко Јуричко (Slobodna Dalmacija), Дубравко Колариќ (24 Sata), Зоран Мајцан (Auto Start), Сандра Микулчиќ (Večernji list, AutoStyle), Мато Павличевиќ (Auto market – HRT, Transport magazin, Glas Slavonije), мајда Лојо Павловиќ (Autoservis, Media servis), Еди Продан (Hrvatska press grupa – Novi list, Glas Istre, Zadarski list), Кристијан Тиќак (Auto motor i sport) и Хрвоје Томиќ (Jutarnji list).

Ford Edge вози по работ на теренот

Ford тестира хибриден Transit во Келн

Седиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

Ако Ford Kuga е многу, Focus Active е точно по мера

Петоците се сини за Ford: Попусти и акции во Ми-Да

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
114 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format