131
46 shares, 131 points

Ford Focus и Fiesta ќе бидат достапни во изведби со благ-хибриден погон, кој ја смалува потрошувачката при градско возење и подостапен е од класичниот хибрид. Оваа погонска варијанта наскоро ќе се нуди и во останатите моделски серии на Ford, вклучувајќи ја и товарната програма.

На настан во Амстердам, на 2-ри април, Ford ќе ги објави своите планови за воведување на благ хибриден погон на пошироко ниво во своето моделско семејство. Ford Focus и Fiesta ќе добијат нови погонски варијанти со име EcoBoost Hybrid, чијшто продажба ќе стартува в година.

Станува збор за таканаречен благ-хибриден погон, со 48 волтна мрежа, стартер-генератор во замена за обичен стартер, мала литиум-јон батерија и интелигентна техника што ја користи енергијата при сопирањето и забавувањето за полнење на батеријата.

Благиот хибрид станува популарна погонска варијанта, производителите почнуваат да го вградуваат масовно

Заштедата се постигнува при поаѓање и забрзување, кога стартер-алтернаторот му асистира на 1,0-литарскиот EcoBoost, користејќи ја енергијата во батеријата. Оваа асистенција трае покусо и во помал обем отколку кај класичниот хибрид, но е доволно да се постигне задоволителна заштеда, и воедно да се оправда трошокот за дополнителната техника.

Ford Focus 10 EB 125 KS Titanium Business
Нашиот тест на Ford Focus 1.0 EcoBoost можете да го прочитате на следнава врска

Од дополнителната моќ при забрзување и од култивираната работа на целата погонска спрега профитира и возачкото чувство. На настанот во Холандија ќе биде познато дали благиот хибрид ќе се нуди во комбинација со една или со сите три варијанти на моќност на 1,0 EcoBoost – 85, 100 и 125 КС.

Освен во Fiesta и Focus EcoBoost Hybrid, блага хибридна варијанта уште во текот на годинава ќе се понуди и во доставните комбиња Transit и Transit Custom, како и во патничкото комбе Tourneo Custom.

Ford во почетокот на годинава најави дека почнувајќи од новиот Focus, сите идни моделски генерации ќе се нудат во една или повеќе верзии со електрифицирана погонска спрега, вклучувајќи класичен хибрид, благ хибрид, плагин хибрид или погон само на струја.

Генерациско соочување: „Четворките“ од Ford Escort и Ford Focus

Германска полиција ќе брка криминалци со Ford S-Max

Може едно спортско комбе од Ford со 185 КС?

Ford Capri: Германскиот Mustang слави 50-годишнина

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
46 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *