132
18 shares, 132 points

Организацијата што со своите тестови придонесе автомобилите да го достигнат денешното ниво на безбедност, со цврсти каросериски структури и ефикасни системи за заштита на патниците, си ја поставува следната цел: Euro NCAP се залага за системи за асистенција и нивно масовно вградување во автомобилите, за пример го зема новиот Ford Focus

Системот на бодување на безбедноста на новите модели при краш-тестовите на Euro NCAP уште пред многу години ги наведе производителите на конкурентска трка. Тоа доведе до денешното ниво, кога може да се донесе генерална оцена, дека актуелните автомобили што ни ги нуди браншата се безбедни, без разлика на марката или класата на автомобилот.

Организацијата Euro NCAP останува на мисијата за унапредување на безбедноста на автомобилите. Нејзините независни експерти бараат производителите помасовно да ги вградуваат системите за асистенција во своите моделски гами.

Со таа цел, новиот Ford Focus доби „највисоки почести“ при првото тестирање на делотворноста на системите за асистенција од страна на Euro NCAP. Организацијата го избра Focus за првото тестирање од овој вид, како автомобил што на редовната тест-програма на Euro NCAP доби пет ѕвезди, но и како модел на Ford што располага со најмногу системи за асистенција досега. Новата генерација на компактот може да се опреми со три радари, две камери и 12 ултразвучни сензори, коишто функционираат заедно во системот Ford Co-Pilot360.

Проблем при развојот на системите за асистенција е доколку возачот стекне премногу доверба во способностите на вештачката интелигенција и ја препушти контролата врз возилото

Euro NCAP ги тестираше радарскиот темпомат со самостојно запирање и поаѓање во застој, камерата за сообраќајни знаци и системот за следење лента во Ford Focus. Според Томас Лукашевич, менаџер за автоматизирано возење во европскиот огранок на Ford, „новиот Focus поседува ‘совозач’ којшто му помага на возачот, но не го наведува да престане да внимава на возењето.“

ford focus sistemi asistencija 2
Радарскиот темпомат е првата ставка на долгиот список од системи за асистенција којашто возачите ценат да ја имаат во својот автомобил

При тестирањето се проверуваше како дејствуваат системите, кога Focus наидува на побавни возила напред, или на возила што се запрени или сопираат во моментот. Важно беше да се провери и реакцијата на вештачката интелигенција кога друго возило влегува во лентата или ја напушта. „Совозачот“ во Ford Focus исто така помага полесно да се избегне пречка на патот, но и возилото потоа да се врати во лента. Во способностите на сета сензорика што е вградена во возилото спаѓа и следење на лентата во свијоци, во одредени услови.

Експертите оценија дека техниката постигнува добар баланс, на тој начин што му помага на возачот и притоа му овозможувајќи тој да чувствува дека има целосна контрола врз возилото, но не и да верува премногу во техниката и да препушти таа да го управува автомобилот.

Некои од останатите системи за асистенција што се достапни како опција во Ford Focus:

►Помош при управување за избегнување пречка; Радар и камера препознаваат кога напред има побавно или запрено возило, системот презема зафати во управувањето, со цел да му олесни на возачот да го заобиколи возилото

►Препознавање пешак или велосипедист; Препознава луѓе на патот или покрај него, системот автоматски ги активира сопирачките коа ќе препознае опасност од судир, а возачот не реагира.

►Приспособливи светла, со предвидување на свијок и насочување кон сообраќајните знаци; Однапред ги насочува светлата за најдобра видливост пред влегување во свијок, крстосница или кружен тек

Сите детали околу новата генерација на Ford Focus можете да ги прочитате во нашиот специјален водич за моделот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743