за

Седиштата на Ford Focus со печат од ортопедите

ford focus седишта ергономија

Значењето на доброто возачко седиште се покажува при секое подолго возење. Здружение на германски ортопеди и терапевти посебно ги одликува производителите кои вградуваат ергономски напредни седишта, за возачите однапред да знаат што добиваат. Ford Focus е најновиот модел што го доби ценетиот сертификат AGR

Посебната ергономска верзија на седиштата што Ford ги вградува во новата генерација на Focus доби потврда од здружението на германски ортопеди и терапевти. Возачите веќе со години наназад го препознаваат овој ценет сертификат од врвните експерти, кој претставува еден вид гаранција дека седиштето нуди правилна поддршка за телото. Сертификатот се издава како дел од акцијата под оригиналното име „Aktion Gesunder Rücken“ (AGR) или акција за здрав грб.

Статистиката открива дека европските возачи минуваат сé повеќе време зад воланот, односно просечниот годишен турнус веќе изнесува околу 15.000 километри. Четири од секои десет возачи минуваат дневно повеќе од еден и пол час во возилото. Доколку седиштето не е наместено точно според телото на возачот, долгото седење води кон болови во грбот и вратот, исто како и во нозете, но и до замор, проблеми со концентрацијата и главоболка.

Седиштата треба да се приспособат според телото, не обратно

Ford ги нуди предните седишта со посебна ергономија како дополнителна опрема во новиот Focus. Истите нудат можност за местење во 18 насоки (и девет правци не се малку). Лекарите и терапевтите при процената посебно внимаваат на тоа, седиштата да се местат во сите правци, место обратно – телото да се приспособува според седиштето.

Седечката површина се мести по должина, висина и по агол, вклучувајќи и потпирач за натколенскиот дел, кој се извлекува. Во потпирачот за грб се вградува подршка за слабинскиот дел, којашто се мести електрично во 4-насоки. Потпирачот за глава исто така се мести во четири насоки.

Специјална ергономска верзија ќе се нуди и за спортските седишта во Ford Focus ST-Line и Focus Active

Во македонскиот ценовник за новиот Ford Focus, доплатата за овие седишта изнесува 1.050 евра во трите нивоа Trend, односно 900 евра во нивоата Titanium. Напролет, посебна верзија се развива и за спортските седишта во нивоата ST-Line и Active. Топ-нивото Vignale стандардно излегува од фабрика со специјалните ергономски седишта. Како што наведуваат од Ford, наскоро и останатите моделски серии ќе добијат седишта по пример на Focus.

Ford Focus test 1.5 ecoboost st-line
Нашите впечатоци од тест-возењето на новиот Ford Focus во верзија со 1,5-литарски EcoBoost со 182 КС и ниво на опрема ST-Line можете да ги прочитате под Добриот стар Ford Focus, ама нов

Секако дека и стандардната изведба на седиштата почитува високи стандарди за ергономија и квалитет. Тоа важи за материјалите, за ергономски правилната форма на потпирачот за грб и за можностите за местење. Уште во основното ниво Trend се вградуваат комфорни седишта, со форма на пенестото полнење коешто го следи природното закривување на рбетниот столб, со местење во 6 насоки, како и внимателен избор на материјалот, со што се постигнуваат термо-регулирачки својства, односно во основа се спречува потење. Стандардно се вградува и местење во слабинскиот дел за возачкото седиште.

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Комплетен водич за новиот Ford Focus: Цени, опрема, мотори, перформанси

Петоците се сини за Ford: Попусти и акции во Ми-Да

Ако Ford Kuga е многу, Focus Active е точно по мера

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche електрични автомобили

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили

багажник за покрив алуминиумски

Багажниците за покрив може да бидат и алуминиумски