за

Ford Fiesta WRC во боите на славниот предок од 1995 година

Ford Fiesta WRC 2020
Ford Fiesta WRC 2020

Ford Fiesta влегува во новата сезона во рели со графички дизајн од прочуениот Фил Диксон. Како инспирација послужи дизајнот на тркачкиот Escort RS Cosworth од 1995 година. Сезоната почнува на 23-ти, со релито во Монте Карло.

Точно две недели пред почетокот на сезоната во рели 2020, тимот M-Sport Ford го прикажа новиот дизајн за Fiesta WRC. За графиката на тркачкиот автомобил со 1,6-литарец со 380 КС и погон на сите тркала повторно беше задолжен Фил Диксон. Неговите дизајни се посебно ценети меѓу љубителите на релито.

Британецот користеше инспирација од принт-дизајнот од 1990-те години. Есапека Лапи/Јане Ферм и Тему Сунинен/Јармо Лехтинен ќе ја возат Ford Fiesta WRC со модерен ретро-изглед на деветте избрани трки во новата сезона. Рели-тимот ќе ангажира и трета Fiesta WRC за новата сезона, за британскиот млад талент Гас Гринсмит и совозачот Елиот Едмонсон.

Комбинацијата од бела, сина и зелена боја упатува на партнерството со Castrol

Во новиот декор на Fiesta WRC преовладува белата боја, со детали во сина и зелена боја. Оваа комбинација од бои упатува на засилената поддршка од Castrol. Останатите партнери на тимот исто така долго се застапени на каросеријата на Fiesta WRC, меѓу нив MS-RT (во меѓувреме специјалист за тјунирање на Transit & Co), Michelin, Sparco, OZ Racing, NGK, Lazer, Stilo, Acronis, Endless, Audes, Eibach и SWP.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Фотографиите на Ford Fiesta WRC 2020 се направени во новиот M-Sport Evaluation Centre во Велика Британија, кој уште е во изградба. Станува збор за модерен тест центар, вклучувајќи патека долга 2,5 километри. Само сервисната работилница има површина од 10.723 метри квадратни и во неа се вградени 550 тони железо.

Основната инспирација потекнува од Escort RS Cosworth, што Франсоа Делекур го возеше во сезоната 1995“, открива графичкиот дизајнер Фил Диксон. „Мустрите и модата од таа ера се забележуваат многу во последниот период. Поради тоа, ми беше предизвик да создадам нешто во тој стил и во исто време да ги вклучам и актуелните трендови, со цел да постигнам изглед што одговара на денешницата.“

Фановите на релито честопати ги издвојуваат графиките на Диксон како омилени во изборите за тркачки возила со најдобар дизајн.

https://www.youtube.com/watch?v=SXq1Hh0eb04

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes Vision AVTR

Mercedes AVTR е колата што светот досега ја немаше ниту замислено

Audi e-tron

Audi ја зголеми продажбата лани, Q3 и e-tron главни во Европа