131
21 shares, 131 points

Ford Fiesta ST е ѕвезда во новиот филм што е снимен на мошне необична локација за возење – на 400 метри под земја, во еден од најголемите рудници за сол во Европа

Брзинската гордост во гамата на Fiesta ги докажува своите способности во видеото снимено во „длабока тајност“, на 400 метри под земја. Со рели-возачот Елфин Еванс зад волан, Ford Fiesta ST ги изведува сите можни егзибиции во еден од најголемите европски рудници за сол, од лизгање, до скокање во кал.

Тоа што му дава дополнителен печат на целиот овој подвиг е звукот на 1,5-литарецот со 200 КС, кој уште толку се засилува додека Fiesta вози со висока брзина низ тесниот тунел.

Еванс го опишува ова необично искуство: „По солта се вози како по фин шљунак, мошне е лизгаво, посебно со гуми за асфалт. Очекуваш дека ќе биде клаустрофобично, но е сосем спротивно. Ова е вистинското место за уживање во новата Fiesta ST.“

Видеото е дел од славната серија на Ford, со најдобрите патишта за возење во Европа. Неколку спортски модели беа ѕвезди во овие видеа. Ford GT, Focus RS, Ford Mustang Convertible возеа во најразлични усови, од Арктичкиот Појас во Норвешка до жешко сонце на Мајорка. И секако, сите локации досега беа над земја.

Ford го избра тајниот рудник за сол за снимање на рекламата во којашто Fiesta ST вози во 60-километарска мрежа од подземни тунели, кадешто температурата постојано е 16 степени Целсиузови.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

131
21 shares, 131 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743