Ford Fiesta се нуди во две специјални изведби „Red“ и „Black“, препознатливи по двојната лента преку каросеријата. Моторот е еднолитарски EcoBoost со 140 КС
ST-Line, верзијата на Ford Fiesta со стилски елементи на ST и со малку поцивилна моќност на моторот, достапна е во две специјални изведби, „Red“ и „Black“. На германскиот пазар, околу една петина од продажбата на Fiesta отпаѓа на Fiesta ST-Line. Неколку симпатични детали во надворешноста и во кабината даваат дополителен шарм.
Сосем пристојна подршка за спортскиот настап обезбедува еднолитарскиот EcoBoost со 140 КС. Подвозјето исто така има добиено спортска нота. Екстра-зафатите на возилото официјално се дело на одделението Ford Performance, коешто во основа е замислено да биде пандан на M GmbH или AMG.
Најпрепознатливиот елемент се двете ленти во мат црна боја, како наследство од рели-историјата. Внатре, акцентот го ставаат црвени детали на седиштата, вратите и на арматурната табла, како и на воланот и на патосниците. Погледот го мамат и бандажите од 17 инчи, лакирани црно и со црвени прстени. Има и голем заден спојлер, и црни куќишта на ретровизорите со црвени ленти.
Системот за комуникација Sync 3 следува како стандард, со доплата може да се добие аудиофилско озвучување од Bang & Olufsen, со 675 вати и десет звучници. Во Германија, цената за Ford Fiesta ST-Line „Red“ и „Black“ изнесува 22.400 евра.
Ford Transit ќе вози со хибриден погон