за

Ford Fiesta е најпродаваниот автомобил од градската класа во Европа

Во првите шест месеци од годинава, Ford Fiesta е најпродаван модел во класата на градските автомобили на европскиот пазар со 173.999 примероци. Fiesta е воедно и втор најпродаван автомобил во Европа, веднаш зад Volkswagen Golf. Само во јуни продажбата достигна 33.646 примероци, што претставува зголемување од преку 20 проценти во споредба со ланскиот јуни. Освен каросериските изведби со три и со пет врати, коишто се достапни на пазарот во Европа, за глобалните пазари се нуди и лимузинска изведба на Fiesta. Производството на моделот се одвива во фабриката на Ford во Келн, во верзија со волан од лева и десна страна, во каросерија со три и со пет врати, во доставна изведба и во спортската верзија ST.

Втор во класата во првите шест месеци е Renault Clio со 165.841 примероци, пред Volkswagen Polo на третото место (158.952 примероци). Opel Corsa стагнира на четвртото место со 150.943 примероци, а водечката петорка во класата ја заокружува Peugeot 208 со 120.786 примероци до јуни.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Специјална серија за 40-годишнината на Volkswagen Polo

Хакерска ѕвезда им порачува на производителите: Вашите системи не се безбедни!