139
19 shares, 139 points

Кога продажбата оди како подмачкана, време е за специјални серии. Ford ги изведе сериите Red и Black Edition од Fiesta, неизоставно со 1,0-литарскиот Ecoboost, но овојпат со 140 КС и комплетен спортски сетап.

Ford има причини да биде задоволен од успехот на Fiesta, како најпродаван автомобил во класата во годинава досега, и претстави две специјални серии од моделот, Fiesta Red Edition и Fiesta Black Edition. Тоа што ја прави серијата посебна, покрај контрастно бојадисаните детали на каросеријата и покривот во црна боја кај Red Edition, односно црвена кај Black Edition, секако е верзијата со 140 КС на еднолитарскиот Ecoboost. На тоа доаѓаат уште стегнато подвозје, различно изведени преносни односи во менувачот и подиректно управување.

Салоните на Ford ќе почнат со продажба на специјалната серија во септември, нудејќи им го на купувачите најсилниот еднолитарски мотор во историјата. Со 140 КС од еден литар, Fiesta Red & Black Edition постигнуваат повеќе КС од литар работна зафатнина и од Bugatti Veyron или Ferrari 458 Speciale. За тоа да се постигне, направена е нова модулација на турбонатполнењето, воведени се нови времиња за вентилите, сменето е управувањето со интеркулерот и реакцијата на придушницата … од што произлезе силина поголема за 12% во споредба со верзијата со 125 КС, односно забрзување до 100 за 9,0 секунди и крајна брзина од 201 km/h.

Новиот Ecoboost со 140 КС извлекува двојно повеќе КС од литар отколку 1,6-литарскиот претходник во Fiesta S пред 10 години. Една третина од купувачите на Fiesta во првото тримесечје се решиле за мотор 1.0 Ecoboost со 100 или 125 КС.

Инженерите се погрижија и остатокот од возилото да се надгради на 140-те КС на моторот. Петстепениот менувач доби нови преносни односни, амортизерите и пружините работат поспортски, задната оска е скрутена, во управувањето се јавува поголема повратна сила за возачот да добие подиректна повратна информација од подлогата.

Специјалната едиција е достапна само во каросериската изведба со три врати, стандардно со пакет спојлери и прагови, кожа на воланот и на рачката на менувачот со опшивка во контрастна боја и секако, црни спортски седишта со црвена опшивка и специјална облога.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

139
19 shares, 139 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743