за

Ford произведува во само една смена поради корона

ford focus iv saarluis start

Ford превзема драстични мерки против кризата околу вирусот корона. Во германската фабрика во Зарлуи се произведува во само една место во вообичаените две смени. Проблеми има и кај добавувачот ZF, чијшто вработени не можат да доаѓаат на работа од соседниот регион во Франција.

Ford и добавувачот ZF го скусија производството поради кризата околу вирусот корона. Главните причини за тоа се отсуството на дел од вработените и преземањето мерки на претпазливост. Во фабриката на Ford во Зарлуи, Германија, од денес се работи само во една место во две смени. Фабриката во Валенсија, Шпанија, се затвора целосно во времетраење од една седмица.

Секој ден во фабриката во Зарлуи пристигаат околу 1.000 работници од Франција. Тоа повеќе не е можно, поради што управата донесе одлука да се работи во само една смена. Во оваа фабрика се произведува моделот Ford Focus. Францускиот пограничен регион „Гран Ест“ уште во минатата среда беше прогласен за подрачје со висок ризик од институтот Роберт Кох.

Затворањето фабрика на некој добавувач може да има далекусежни последици, затоа што обично се снабдуваат повеќе производители и автомобилски фабрики

Во шпанската фабрика во Валенсија работат околу 7.000 лица. Таму се произведуваат поголемите модели Mondeo, S-Max и Galaxy. Четири вработени лица покажале позитивни резултати на тестовите за вирусот корона.

Слична е ситуацијата кај добавувачот ZF. Околу илјада од вкупно 9.000 вработени во фабриката во Зарлуи повеќе не можат да патуваат до работното место во Германија, затоа што живеат во францускиот пограничен регион. Тристотини лица ќе можат да работат од дома.

Во фабриката на Ford во Келн досега нема проблеми. Две вработени лица, по престојот во странство биле подложени на тестирање. Откако се покажале позитивни резултати, тие се пуштени во самоизолација, уште пред да имаат каков било пристап во фабриката.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes има многу јубилеи во мотоспортот за одбележување во 2020

Mercedes има многу јубилеи во мотоспортот за одбележување во 2020

Холандија автопат 100

По автопатиштата во Холандија од денес најмногу 100 km/h