за

Најпродаваното возило во САД добива дизел мотор

ford f-150 diesel

Најпродаваното возило во САД напролет ќе почне да вози со дизел мотор. Пикапот Ford F-150 добива трилитарски V6 со моќност од 250 КС и вртежен момент од близу 600 њутнметри. Според американските норми, кои се блиску до реалните вредности, потрошувачката на дизел е нешто пониска од осум литри на сто километри. Звучно име секогаш ги мами тамошните возачи, па и дизелот на Ford соодветно се води како „Power Stroke“. Со дизелот под хауба, пикапот може да влече приколка тешка околу пет тони.

Новиот мотор е изведен од 6,7-литарскиот V8 којшто се вградува во моделската варијанта Super Duty во серијата F. Десетстепениот автоматски менувач е поосебно калибриран за работа во комбинација со трилитарскиот дизел. Како што наведува производителот, преносните односи и промената на степен се оптимирани за ефикасност и моќно повлекување при ниски вртежи.

Автоматскиот менувач во дизелскиот Ford F-150 е единствен во сегментот што може да прескокне неколку степени, зависно од условите на возење. За дополнително намалување на потрошувачката на гориво и на емисијата на штетни материи, систем старт-стоп го гасне моторот при секое мирување на возилото.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Byton Concept CES 2018

Byton е последниот автомобил што ќе се споредува со Tesla

streetscooter vo vozenje

Електричниот камионет на германската пошта се продава како луд