за

Овој Ford буквално вреди богатство: 74.000 евра за Explorer

Ford Explorer PHEV
Ford Explorer PHEV

Ford малку ги менува правилата на игра на европскиот пазар. Традиционалниот американски СУВ-крстосувач Explorer стартува тука, но со хибрид со 457 КС место со дебел V8, десетстепен автоматик – и пет метри и пет сантиметри меѓу браниците. Тоа би требало да е доволно понуда за цената од 74.000 евра на германскиот пазар, кадешто Ford веќе стартува со нарачки.

Уште еден типичен американски модел на Ford пристига во европската понуда, по Mustang. Но, овој е на сосем спротивниот крај. Explorer е долг 5.05 метри, широк 2,28 метри и висок 1,78 метар, доаѓа како топ-СУВ и поседува напредна хибридна технологија, седум седишта, луксузна опрема, десетстепен автоматик, интелигентен погон на сите тркала и бројни системи за асистенција. Ова е шеста генерација на американскиот класик, наскоро почнува со испорака на германскиот пазар, а дилерите на Ford веќе регистрираат нарачки. Почетокот: 74.000 евра. Првите примероци ќе почнат да возат на европска почва во април 2020. Подоцна ќе се придружи и втора моделска изведба со подостапна опрема и цена.

Погонот го сочинуваат трилитарски бензински V6 и електромотор, заедно со системска моќност од 457 КС и вртежен нмомент од 825 њутнметри. Крајната брзина изнесува 230 km/h, а подеднакво е импресивен и спринтот за шест секунди до темпо сто. Според посебните норми за хибридни возила, потрошувачката на гориво е 2,9 литри – тоа е во случај ако возилото појде со полна батерија и целосно ја користи таа енергија, пред да се вклучи турбо-бензинецот. Досегот при возење на струја е 48 километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За плагин-хибридниот погон може да се избира меѓу четири начини на работа: Автоматски, само на струја (EV Now), акумулирање енергија за подоцна да се вози на струја (EV Later) и полнење на батеријата (Charge). Работата се прикажува на дигиталните инструменти со пречник од 12,3 инчи. Во нормални услови, погонот е на задната оска. Лимитер на брзината при спуштање по стрмнина е стандард.

Изборот од седум програми за работата на погонската спрега потсеќа на …

Од времето кога Land Rover беше дел од групацијата Ford, потекнуваат седумте режими на работа на погонската спрега: Нормален, спортски, по земја, на лизгав пат, со приколка и еколошки, како и за многу длабок снег или за песок.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Традиционалистот со име што опстојува 29 години во понудата на Ford, стандардно се испорачува со бандажи од 20 инчи, црни и полирани. Истото важи за четирите издувни цевки од полиран челик. Со тоа одат црни прагови, црн носач за багаж на покривот и црни детали на рачките на вратите.

Во почетокот Ford Explorer се нуди со нивото ST-Line што е хит во целата гама, подоцна ќе се понуди и ниво Titanium, со нешто помалку опрема и детали

Во почетокот, Explorer ќе се нуди во нивото ST-Line, со голем нагласок на луксузот, а во исто време и со спортска нота. Опремата е комплетна, единствено преостанува да се избере бојата, со таа напомена што и специјалната боја „течно бела“ е вклучена во цената.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Опремата вклучува активен систем за потиснување на звуците, двозонска автоматска клима, кожени седишта, спортски волан, спортски предни седишта со електрично местење, плус вентилација и греење во нив. Понатаму, секој Explorer ST-Line поседува панорамски покрив, заедно со електрична намотка за заштита од сонце.

Само преградите низ кабината заедно имаат зафатнина колку багажник на мини автомобил

Најпродаваниот СУВ во Америка располага со седум седишта, со електрично соборување и подигнување на седиштата во третиот ред. Сосем е очекувана зафатнината на товарниот простор, со спуштени седишта: 2.274 литри. Сензорското отворање на задниот капак веќе се подразбира. Само преградите низ целата кабина имаат зафатнина од 123 литри.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bridgestone ja доби тужбата за копирање дизајн на гуми во Кина

Bridgestone ja доби тужбата за копирање гуми во Кина

amazon elektricno kombe

Amazon нарача 100.000 доставни возила на струја