за

Генерациско соочување: „Четворките“ од Ford Escort и Ford Focus

sporedba generacii ford focus i ford escort iv

Какви вредности се добиваат кога ќе се споредат две генерации што ги двојат полни три децении? Разликата меѓу Ford Escort од средината на 1980-те и актуелниот Ford Focus дава прилично точна претстава за напредокот на автомобилите. Споредбата повеќепати дава фрапантни, па дури и комични разлики. Тоа што е заедничко: Двата модели го претставувале врвот во компакт класата, секој во своето време.

Колку малку стареат некои автомобили. Многумина од повозрасните генерации уште се сеќаваат на Ford Escort, чиниш минала одвај деценија откако автомобилот нов се појавуваше по улиците. Но, минале многу повеќе години, од првиот Escort има повеќе од пет децении. Генерацијата на германскиот компакт од средината на 1980-те години имаше мошне впечатлива појава, главно поради правите и геометриски прецизни линии во формата на каросеријата. Спортскиот Escort XR3i со три врати беше „главната машина“ и по нашите улици, барем оние неколку примероци кои пристигнаа релативно брзо.

Исто како што Escort се издвојуваше во уличната слика, така и Focus продолжува по истиот пример, додавајќи и благородна нота

Во меѓувреме, Escort стана Focus, а тој е веќе во својата четврта генерација. Исто како како што актуелниот модел се издвојува во компакт класата, така и Escort имаше посебна позиција во својата четврта генерација во споредба со главните конкуренти. Тоа е одличен повод за присеќање на Escort IV и можност да се направи „споредба на хартија“ со актуелниот Focus.

Тој беше „Focus RS“во своето време: Escort RS Turbo од 1986 година; За споредбата, земени се семејните изведби со пет врати, со најсилните бензинци за нив и со највисокото ниво на опрема

Во споредбата се наоѓаат најпретставителните семејни изведби во гамите на Escort IV и Focus IV. Семејни, затоа што своевремено постои и спортската варијанта XR3, денешен ST, како и екстремната спортска варијанта RS. Најсилниот бензинец за каросериската изведба со пет врати, пред триесет години имаше зафатнина од 1,6 литар и моќност од 90 КС. Неговиот пандан денес е 1,5-литарски EcoBoost со двојно повеќе моќност, со 182 КС. Тоа што станува збор за трицилиндарец, сцената веќе научи да го цени како технолошки напредок.

Погонска спрега

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Вид на мотор

Бензински

Бензински

Пречистување на издувни гасови

Регулиран катализатор

Филтер за честички за бензински мотори

Цилиндри

4

3

Подготовка на смеша

Индиректно впрскување

Директно впрскување

Вентили

2

4

+2 вентили

Работна зафатнина

1597 ccm

1499 ccm

-6,5%

Моќност

90 КС при 5800/min

182 КС при 6000/min

+202%

Вртежен момент

123 Nm при 4600/min

240 Nm при 1600/min

+195%

Погон

Напред

Напред

Пренос на сила

Мануелен менувач, 5 степени

Мануелен менувач, 6 степени

+ 1 степен

Старт-стоп

Сериски

Препорака за менување степен

Сериски

Класа на издув

Euro 1

Euro 6d-Temp

Единственото што не се променило во трите децении е предниот погон. Во секој друг поглед има драстичен напредок. Моќноста и вртежниот момент се двојно зголемени, а притоа особено се забележува ниското ниво на вртежи при коишто се постигнува максималниот вртежен момент кај 1.5 EcoBoost. Тоа секако дека има придонес во штедливоста, но дозволува и повеќе релаксираност за возачот.

Димензии и тежини

Подеднакво се драстични и разликите во оваа категорија. Каросеријата кај Focus IV пораснала за дури 36 сантиметри, при што само на меѓускино растојание отпаѓаат 30 сантмиетри. Има голема разлика и во ширината, со 1,64 наспроти 1,825 метар, што значи дека актуелниот модел е за дури 18,5 сантиметри поширок од неговиот претходник од ерата на Escort.

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Должина

4022 mm

4382 mm

+360 mm

Ширина

1640 mm

1825 mm

+185 mm

Висина

1385 mm

1452 mm

+67 mm

Меѓуоскино растојание

2400 mm

2700 mm

+300 mm

Круг на вртење

10,0 m

10,6 m

+0,6 m

Багажник

360 l

375 l

+15 l

– со соборена клупа

1100 l

1354 l

+254 l

Соборување клупа

Сериски

Сериски

Празно возило

870 kg

1369 kg

+499 kg (+57%)

Дозволена тежина

1310 kg

1890 kg

+580 kg

Носивост

440 kg

521 kg

+81 kg

Приколка (до 12%)

900 kg

1700 kg

+800 kg

Товар на покрив

75 kg

75 kg

Очигледно е подрачјето во коешто се слулчиле најголемите промени: Тежината. Focus е половина тон потежок од неговиот предок, може да влече приколка потешка за 800 килограми на нагорнина до 12 проценти, а максималниот практичен простор со соборена клупа пораснал за повеќе од 250 литри. Но, багажникот е воедно и подрачјето во коешто најмалку е „додавано“, само 15 литри, со исправена клупа. Во реалноста, кабината не пораснала за триесетина сантиметри, како што укажуваат бројкиве. Тоа е приближно просторот што кај новите генерации е посветен за безбедноста. За тоа, нема што да се забележи.

Каросерија и подвозје

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Вид на каросерија

Комбилимузина

Комбилимузина

Врати, седишта

5, 5

5, 5

Пружини напред

Навојни

Навојни

Пружини назад

Навојни

Навојни

Сопирачки напред

Диск

Диск

Сопирачки назад

Барабан

Диск

Гуми

165/65R13

215/50R17

Контрола на притисок

Сериски

Бројките не можат да посведочат за вистинскиот обем на напредокот во подвозјето, во каросеријата, и секако, во возните својства и пасивната и активната безбедност. Во Focus 1.5 EcoBoost 182 функционира мултулинк задна оска. Импресивна е разликата во димензијата на гумите. Контрола на притисокот во гумите е стандард, заедно со контрола на стабилноста и висинско местење на возачко седиште. Во следните категории има надополнување на ова подрачје.

Перформанси

„Најважното“ подрачје во секоја споредба. Значи…

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

0-100 km/h

11,5 s

8,3 s

-3,2 s

Крајна брзина

178 km/h

222 km/h

+44 km/h

Потрошувачка

– град

6,9 l/100 km

– пат

4,5 l/100 km

– просек

5,4 l/100 km

Емисија на СО2

122 g/km

Резервоар

47 l

52 l

Вредностите за потрошувачката на гориво се неспоредливи, бидејќи во времето на Escort IV се користеше старата норма ECE, со вредности за потрошувачката при 90 km/h, при 120 km/h и во град. Затоа, пак, нема двоумење околу крајната брзина. Кога Escort 1.6 ќе ја постигне крајната брзина од 178 километри на час, Ford Focus 1.5 EB 182 во полн залет би прошишал со 44 km/h покрај него.

Безбедносна опрема

Тука најдобро се гледа напредокот што е постигнат во подрачјето на безбедноста. Поедноставно е да се наброи што има, отколку што недостига. Во времето на Escort, уште се доплаќа за средишен потпирач за глава назад, а има и појасен ремен назад. Во споредбата се земени највисоките нивоа на опрема, Ghia за Escort и Vignale за Focus.

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Ниво на опрема

Ghia

Vignale

Воздушна перница за возач

Сериски

Воздушна перница за совозач

Сериски

Странични воздушни перници напред

Сериски

Воздушни перници за глава напред

Сериски

Воздушни перници за глава назад

Сериски

Средишен ремен назад

Појасен ремен

Ремен со 3 точки

Потширач за глава назад

Сериски

Потпирач за глава назад, средишен

Сериски

Исофикс

Сериски

АВЅ

562 евра

Сериски

Помош при нагло сопирање

Сериски

Самостојно запирање при опасност од судир

Сериски

Предупредување за судир

Сериски

Контрола на тракција

Сериски

Контрола на стабилност

Сериски

Динамични стоп-светла

Сериски

Магленки

Сериски

Светло при скршнување

Сериски

Светло за свијоци

Во пакет

ЛЕД предни светла

Сериски

Автоматски светла

Сериски

Автоматски бришачи

Сериски

Радарски темпомат

Во пакет

Препознавање замор

Во пакет

Систем за следење лента

Сериски

Помош при престројување

480 евра

Предупредување при возило попречно

Во пакет

Камера за знаци

Во пакет

Проекциски дисплеј

Сериски

Автоматско долго светло

Во пакет

Гаранции од производителот

Разлики има и во остварувањето право на гаранција. Кај Escort има само одговорност на производителот во случај на грешка во производството, што е далеку од вистинска гаранција. Денес дури и увозникот нуди дополнителни години под гаранција.

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Гаранција на возило

Нема

2 години (стандардно)

Гаранција на лак

1 година

Нема

Гаранција на корозија

6 години

12 години

Друго

2 години период на одговорност на производител

Гаранција за мобилност: 2 години во цела Европа

Цени и опрема

Уште едно многу благодарно подрачје за споредба. Цените се преземени од оригиналниот германски ценовник за Escort од 1987 година и соодветно се пресметани во евра, а заради споредба, цените за Focus исто така се однесуваат на германскиот ценовник. Основниот модел Escort C со 1,1-литарец со 50 КС и 3 врати стартува од 14.635 германски марки, додека врвот во гамата му припаѓа на Escort RS Turbo, со 1,6-литарец со 132 КС и цена од 27.915 германски марки. За десен ретровизор тогаш се доплаќа 141 германски марки, додека ABS чини 1.050 марки.

Ford Escort 1.6i Kat
Ford Focus 1.5 EB 182

Ниво на опрема

Ghia

Vignale

Основна цена

11274 евра

31300 евра

Клима уред

Сериски

Централна брава

Сериски

Сериски

Електрика на предни прозорци

Сериски

Сериски

Електрика на задни прозорци

Сериски

Сериски

Паркинг сензори

Сериски, напред и назад

Помош при поаѓање на нагорнина

Сериски

Радио

179 евра

Сериски

Навигација

Сериски

Алу-бандажи

Сериски

Кожени седишта

Сериски

Металик лак

230 евра

565 евра

Ford Escort I
Тој е првиот Escort, претставен во 1968 година. Познавачите го водат под прекарот „кучешка коска“, поради препознатливата форма на маската којашто ги опфаќа и светлата

Четвртата генерација на Ford Escort се произведуваше до 1990-та година, кога пристигна наследникот со заоблена форма на каросеријата, но и со голем напредок во моќта и технологијата на спортските верзии и со значително унапредување во подрачјето на безбедноста. До појавувањето на првиот Focus останува неполна деценија.

Тест: Ford Focus 1.0 125 КС Titanium Business

Ford Focus е автомобил на годината во Хрватска

Лимузински Ford Focus со 536 литри багажник почнува со продажба

Ford Escort одбележува 50 години од премиерата

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

audi e-tron isporaka forum ingolstadt

Џенифер го презеде првиот Audi e-tron директно од фабрика

McLaren Senna Lego

Lego во моделска офанзива: McLaren Senna за „коцкари“